Економија
Груевски на бизнис форум во Калининград

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, во среда ќе оствари посета на Калининградската област во Руската Федерација .
Во состав на делегацијата се и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо и портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска.
Владината делегација предводена од премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум во Калининград на кој ќе се презентираат можностите и поволностите кои Република Македонија ги нуди за странските инвеститори.
Во рамки на посетата, Груевски ќе оствари и политички средби со претставници на Калининградската Губернија.
Претходните денови истата делегација присуствуваше на бизнис форум во Талин, Естонија, каде биле договорени соработки го областа на земјоделството и информатиката./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Линеарното покачување на пензиите од 1000 денари ќе стигне во Собрание пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата на денешната седница ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат линеарно по 1.000 денари. Премиерот Христијан Мицкоски очекува да бидат изгласани пред да бидат распишани претстојните локални избори.
„Јас веќе најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа практично го бараат пензионерите од Владата. Тој процент, согласно закон, кој што треба да се зголеми, да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии. Ние тој глас го слушнавме како Влада. Денеска на седница на Влада би требало да помине предлог – законското решение и веднаш потоа да биде испратено до парламентот. Очекувам парламентот пред распишување на локалните избори тоа да го изгласа позитивно“, рече денес премиерот Мицкоски.
По двете линеарни покачувања на пензии од по 2500 денари, во септември минатата година и во март годинава, наесен пензиите беше предвидено да се зголемат процентуално односно според растот на инфлацијата и просечната плата, согласно системското решение што го воведе претходната власт во 2022 година кога беше предвидено пензиите двапати годишно да се усогласуваат со трошоците за живот.
Според официјалните податоци од Фондот за пензиско осигурување, во земјава има 345.245 пензионери. Најниската пензија, по двете линеарни покачувања, изнесува 18.192, а највисоката надмина 85.000 денари.
Економија
Министерството за финасии ги исплати првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година, средствата легнати на сметките на 1.448 граѓани, кои запишаа обврзници

Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).
Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 јули 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Каматата на имателите на обврзници се исплаќаше годишно, односно во јули 2024 година, кога беше исплатен износ од 72,4 милиони денари (1,2 милиони евра) и јули 2025 година исто така износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).
Граѓанската обврзница беше воведена како нов иновативен производ наменет за граѓаните, а со цел унапредување на пазарот на државни хартии од вредност. Министерството за финансии во наредниот период предвидува воведување нови финансиски инструменти, вклучително и понуда на инструменти наменети за граѓаните, а целта е зголемување на квалитетот на понудените инструмени и зголемување на базата на инвеститорите.
Имено, Министерството за финансии издаде 2 емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра. Втората Граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и доспева во ноември 2025 година.
Економија
Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување на минималната потрошувачка кошничка. Премиерот Христијан Мицкоски денес каже дека место досегашната пресметка на минималните трошоци за четиричлено семејство, тоа дека се прави за пет различни видови домаќинства.
„Претставниците на синдикатите, на работодавачите и на Владата на таа седница ќе разговараат и за потрошувачката кошничка која мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачка кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четиричлено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира, но исто така и потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочинета една заедница. Ова ќе биде мој предлог кој што сум го разговарал со академската фела и ова е предлог што сум го добил од таму у мислам дека е добар за разгледување и за дебата на тој Економско – социјален совет. Да имаме неколку потрошувачки кошнички бидејќи потребите на еден пар пензионери не се исти како на еден млад брачен пар или пак тричлено и четиричлено семејство или, пак, на самец“, рече премиерот Мицкоски.
Тој кажа дека е веќе завршен процесот на утврдување репрезентативност на синдикатите, пречка поради која не можеше да се одржи ниту седницата на која требаше да се разговара за барањето на синдикатот минимална тапата да биде 500 ерва. Премиерот очекува седницата на Економско – социјалниот совет да биде закажана во најскоро време.