Економија
Груевски ги покани Русите да инвестираат во Македонија
Македонија ги укина визите за руските граѓани, па можете слободно да дојдете во Македонија и да се уверите дека неколку руски фирми успешно работат и дека има добри услови за работа, им порача премиерот Никола Груевски, на руските бизнисмени, во среда, на бизнис форумот во Калининград.
Бизнис форумот во Калининград се одржа во организација на Стопанската комора на Калининград и Асоцијацијата на инвеститори на Калининград, а на него учествуваа претставници на компании од областа на производството, туризмот и земјоделството. Калининград е регион од Руската Федерација кој има интензивен и динамичен економски развој кој, меѓу другото, се должи и на статусот на своевидна слободна економска зона.
Премиерот Груевски во своето обраќање ги повика калининградските и руските инвеститори да ја посетат Македонија и изворно да се запознаат со условите кои им стојат на располагање и поволностите за инвестиции.
„Македонија ги укина визите за руските граѓани и може да дојдете во Македонија за да се уверите на дело во нашите поволности. Во Македонија има руски инвестиции како што се „Протект груп“, „Солвеј груп“, „Лукоил“, „Гришко“ и од нив може да добиете потврда за можностите за водење на успешен бизнис во нашата земја“, рече Груевски пред присутните.
„Kако резултат на реформите за унапредување на бизнис климата Република Македонија е на листата на респектабилната Светска Банка каде за 6 години напредуваше од 94 на 23 место, а Прајсвотерхаус Купер ја прогласи нашата земја за 24 – та најпријателска земја во светот за бизнисмените во однос на фискалната политика и даночната политика, што е доказ за соодветната бизнис клима во која Владата и институциите се спремни да придонесат и да излезат во пресрет на инвеститорите“, изјави Никола Груевски во обраќањето пред присутните во Калининград.
Претседателот на Асоцијацијата на инвеститорите на Калининград, Стефан Влаховиќ ги охрабри бизнисмените да ги истражат можностите кои се презентираат и кои постојат во Македонија. Присуството на руски бизнисмени во Македонија е доказ за отвореноста и добрата бизнис атмосфера. Македонија и Калининградската област може да воспостават поконкретни односи и на полето на инвестициите и на полето на трговијата со производи, смета тој.
„Ние даваме субвенции за привлекување на туристи од Русија што ги прави аранжманите поконкурентни и поприфатливи за руските туристи и тоа е добра шанса за калининградските туристички агенции која може да придонесе за зголемување на нивниот бизнис“, рече вицепремиерот Владимир Пешевски.
Министерот Бил Павлески ги претстави можностите за инвестиции во земјоделството и во производството.
„Поддршката која ја дава Владата за производство и пласман на земјоделските производи создава квалитет кој е препознатлив бренд за Македонија“, рече Павлески.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо се задржа на поволностите за инвестирање во технолошко индустриските зони акцентирајќи ги погодностите во даночната сфера кои им стојат на располагање на инвеститорите како и низата други мерки кои ги презема Владата на тој план./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

