Економија
Трибина за подобрување на квалитетот на млекото
Избалансирана храна и хигиена на фармите е една од основите за производство на квалитетно млеко е заклучокот на трибината „Подобрување на квалитетот на млекото, штос е одржа во среда во Скопје во организација од Федерацијата на фармерите и француската организација АФДИ.
Станува збор за дел од програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.„Во 1966 година, кога најголем дел од молзењето беше рачно, се донесе закон што ги обврза млекарниците да купуваат млеко со висок микробиолошки квалитет. Стандардите практично ги фиксираше регулативата. Но, француските преработувачи воедно поставија и технички сервис. Испратија техничари кај производителите за да ги научат како се чистат машините и опремата за молзење. Им обезбедија и детергенти. Десет години подоцна двете страни, и преработувачите и производителите, се групираа и оттогаш заедно дискутираат за стандардите и цената. Мислам дека вакво нешто може да се спроведе и во Македонија, посочи Ричард Деминк од француската организација „Авди“.Во Франција, ако некој производител три месеци не произведува квалитетно млеко, од него веќе никој не купува и тој веќе не може да се занимава со дејноста.„Овој потсектор го очекуваат голем број на предизвици како и закани со неможноста вака мали да инвестираат во сопствените фарми а особено голем број на мали фармери тоа ќе го почувствуваат доколку не се здружат и не ги пратат стандардите за квалитет на млекото. Клучни проблеми на кои треба да се работи се: фармерите кои ќе се одлучат да егзистираат со производство на млеко првенствено треба да имаат на располагање земјиште за производство на храна по грло добиток, затоа што храната најмногу влијае на крајниот производ. Примена на техничко- технолошки достигнување за одржување на квалитет на млекото и доколку одлучат да бидат земјоделците мали по обем неминовно е нивно здружување за да опстојат на пазарот“, вели Стеванче Јорданоски од ФФРМ. Сточната храна најмногу влијае на масленоста и најлесно ја подобрува, делумно ги поправа протеините, а лактозата скоро и не може да ја поправи.Според професорот Владимир Какуринов, хигиената на фармите може да се подобри без големи вложувања, со примена на добри земјоделски практики. Фармерите веќе сфаќаат колку е битно бројот на микроорганизми да се сведе на минимум. Многу се заинтересирани за начинот на анализи кои не се вообичаени и ги опфаќаат и групите микроорганизми што не се наоѓаат во правилниците за квалитет или безбедност, а се важни за производство на одредени типови млечни производи, течни и полутечни, меки и тврди сирења, рече Какуринов. Тој се осврна на хигиенското инженерство и дизајнот,релативно нови работи за Македонија кои не е тешко да се постигнат доколку се следат упатствата. „Имплементацијата на хигиенски дизајнираната опрема не значи дополнителен трошок, напротив, поевтина е од индустриски дизајнираната. Обезбедува многу пократкотрајно и 100 процентно чистење на машините, без остаточни микроорганизми“, вели Какуринов.Ова пракса во светот веќе е 15 години. На оваа проблематика работат најголемите светски компании и универзитети заедно, изработуваат документи кои потоа стануваат европска регулатива. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

