Економија
Со влезот на Хрватска во ЕУ, се зголемува извозот на производи од Македонија

Извозот на македонски земјоделски производи во Република Хрватска може да се зголеми за 20 отсто поради безцаринскиот третман на одредени групи земјоделски производи, со што во следните три месеци може да доведе до зголемување на целокупниот извоз кон Хрватска за два отсто.
За да се прецизираат економско трговските односи меѓу Македонија и Хрватска, сега, откако таа стана членка на ЕУ и го напушти ЦЕФТА договорот, министерот за економија Ваљон Сараќини, оствари работна средба со Амбасадорот на Република Хрватска, Н.Е. Златко Крамариќ.
Министерот Сараќини честитајќи го зачленувањето на Република Хрватска во Европската Унија истакна дека по влезот на Хрватска во ЕУ, економската и трговската соработка ќе продолжи согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Република Македонија и ЕУ.
„Степенот на либерализација што е постигнат во трговијата со земјите членки на ЕУ, ќе важи и за Република Хрватска“, рече Сараќини.
Во потсетувајќи дека во делот на индустрискиот сектор нема да има промени, бидејќи веќе е постигната целосна либерализиција со ЕУ, a со Хрватска согласно ЦЕФТА договорот.
„Со оглед на повисокиот степен на либерализација во земјоделскиот сектор, што Македонија го применува согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, а не е случај во рамки на ЦЕФТА договорот, македонскиот извоз во Хрватска на: јагнешко месо, сирење, домати, краставици, корнишони, пиперки, лубеници, јаболка, масло за јадење од сончоглед, преработки од месо, конзервиран зеленчук, цигари и тутун, кој досега беше ограничен во рамките на безцарински квоти, со влезот на Хрватска во ЕУ ќе се одвива без царини и без квоти. Овие производи учествуваа со 30 отсто во вкупниот македонски извоз на земјоделски производи во Хрватска“, информираше Сараќини.
Имајќи го предвид фактот, дека се очекува за најмалку 20 отсто да се зголеми извозот на македонски земјоделски производи во Република Хрватска поради безцаринскиот третман на групите на земјоделски производи, првичните проценки за раст на македонскиот извоз по влезот на Хрватска во ЕУ е дека истиот ќе се зголеми за околу 2 отсто за наредните 6 месеци, значи сметано од 1 јули до 31 декември 2013.
„Верувам дека постои голем простор добрите политички вибрации што ги имаме со Македонија да ги пренесеме и на економските односи. Уште на почетокот на минатата години, кога беше јасно дека Хрватска на 1 јули 2013 година ќе стане членка на ЕУ, ги повикавме нашите компании, кои работат тука, ги предупредивме дека ќе дојде до промена на режимот ЦЕФТА во режимот на ЕУ и ги замоливме да се подготват на време. Верувам дека стопанствениците веќе водат некакви преговори и дека во можните законски рамки ќе се случат позитивни поместувања“, рече Крамариќ.
Би било многу лошо да ги снема хрватските производи од македонските полици, бидејќи станува збор за добро познати брендови на овие простори, смета Крамариќ.
Амбасадорот даде свое уверување дека постои простор потешкотиите кои ќе се појават што поедноставно да се надминат, како и дека претприемачите и стопанствениците уште одамна тоа го имаат пресметано.
„Сугерираме што повеќе да инвестираат во Македонија, по примерот на „Агрокор“. Тоа значи тука да се отвораат фабрики, да се вработува и да се инвестира. Се договоривме и што поскоро да овозможиме состанок меѓу министрите за економија од двете земји. Верувам дека тоа брзо ќе се случи, бидејќи секогаш дијалогот е начин за да се надминат проблемите“, истакна Крамариќ.
Трговската размена меѓу Република Македонија и ЕУ се движи меѓу 55-64% од вкупната трговија на Република Македонија со светот. Вкупната трговска размена меѓу Република Македонија и Република Хрватска е 220 милиони долари во 2012 и 65 милиони долари за четирите месеци во 2013 година. Структурата на учество на трговијата со Република Хрватска се движи околу 2,5%. Од 2013 година, оваа структура со Република Хрватска ќе се третира во процентуалното учество на трговијата на Република Македонија со ЕУ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.