Економија
Македонија и Виетнам сакаат да ги јакнат економските односи
Македонија и Виетнам се заинтересирани преку конкретните економски проекти да ја зголемат тровската размена помеѓу двете држави и да се намали трговскиот дефицит на Македонија со Виетнам.
На оваа тема деновиве во Ханои разговараше Извршниот директор на Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија-Пацифик, Владимир Кофчегарски со директорот за Европа при Министерството за трговија и индустрија на Виетнам – Данг Хоанг Хаи и со заменик директорот Нгујен Дук Тхонг.“Вратата за трговска размена со Виетнам е отклучена, сега е ред на македонските компании, заеднички и агресивно да навлеземе во овој пазар. Имаме огромен потенцијал во Виетнам, нашите производи се конкурентни во однос на цена и квалитет и се надевам дека со потпишувањето на договорот за двојно оданочување ќе се зацврсти нашата позиција за поефикасен влез на овој пазар од 88 милиони конзументи”, потенцира Кофчегарски. Македонија и Виетнам наскоро треба да потпишат билатерален договор за заштита на инвестиции и двојно оданочување кој би го олесниле патот за зголемена трговска размена. “Ние сме спремни да ја продлабочиме економската соработка помеѓу нашите земји. Нашата економија постигнува фантастични резултати во трговската размена со Европа, но секогаш можеме повеќе. Г.дин Кофчегарски ни презентираше интересни проекти за некои сегменти од нашата економија кои моментално забележуваат послаби резултати во однос на минатите години и воопшто не ја исклучуваме можноста овие проекти во иднина да станат реалност. Македонија е одлична дестинација за нас, мала но сепак многу важна влезна карта за Европскиот пазар, затоа бевме и експедитивни со одговорот за двојно оданочување кој моментално е на разгледување од Ваша страна,” изјави Нгујен Дук ТхонгВиетнам во 2015 година треба да потпише договор со ЕУ за двојно оданочување, а сега бележи позитивна трговска размена од 8 милијарди долари. ЕУ и покрај тоа што има трговски дефицит со Виетнам, од политички причини го одложува потпишувањето на овој договор, што Македонија претставува голем предизвик и шанса да се искористи овој период. Виетнам е 43 – та земја во светот по големина на економијата која во последните неколку години бележи раст од над пет отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

