Економија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да признае ниту еден позитивен економски резултат
Република Македонија во услови на глобална економска криза изминатите месеци успеа да постигне значителни економски резултати, но од СДСМ покажуваат огромна малодушност и неможат да признаат ниту еден позитивен економски резултат.
Ова се наведува во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов, кој побара ребаланс на буџетот, изнесувајќи критики поради задолженоста, непродуктивниоте трошоци, а за растот од 2,9 отсто рече дека не бил резултат на одржливи придвижувања.„Очигледно Ванчо Узунов ја има добиено партиската наредба да говори и да критикува за се по секоја цена. Тоа впрочем го прават постојано“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во која се изнесуваат податоци за растот во првиот квартал од 2,9 отсто, намалување на невработеноста под 30 отсто, како и за инвестициите од почетокот на годината. „Само во првиот квартал за оваа година нашата економија бележи раст на БДП за 2,9%, што е четврти најдобар резултат во Европа. Тоа е факт кој има огромно значење и неможе да се одрече“, стои во реакцијата.Притоа се додава дека за прв пат после две децении невработеноста се намалила на 29,9%, а збирно за годините во кои ВМРО-ДПМНЕ ја носи одговорноста за државата, бројот на нови работни места е зголемен за 98.553. „Во првите четири месеци од оваа година имаме инвестиции од 73,3 милиони евра што е значително повеќе мерено со истиот период од минатата година. Дополнително, се почесто големи светски фирми пројавуваат интерес за инвестирање во Македонија“, стои во соопштението, во кое се наведува и дека Македонија во првите четири месеци бележи и видлив пораст на извозот.„Сите овие резултати се плод на издржаната и разумна економска политика што ја води Владата на РМ, што впрочем е и нотирано во многубројни извештаи на ММФ, СБ и други меѓународни институции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.
Економија
Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)

