Економија
ММФ ја снижи прогнозата за глобален раст
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) благо ја снижи прогнозата за растот на глобалната на 3,1 отсто за 2013 и 3,8 отсто за 2014 година, стои во извештајот објавен во вторникот.
Во априлскиот редовен извештај, ММФ прогнозираше дека светската економија годинава ќе порасне за 3,3 отсто, а во наредната растот ќе достигне четири отсто.Прогнозата е снижена пред се поради осетното ослабена домашна побарувачка и бавниот раст во неколку клучни економии во развој, како и поради продолжената рецесија во еврозоната. За групата развиени економии, ММФ предвидува раст од 1,2 отсто, а во наредната година од 2,1 отсто, со што априлската прогноза е намалена за 0,1, односно 0,2 отсто.Намалена е и прогнозата за американската економија и тоа за 0,2 отсотни поени. Најголемата светска економија би требало годинава да порасне за 1,7 отсто, а во наредната за 2,7 отсто.Еврозоната во 2013 година останува во рецесија, со проектиран пад на БДП од 0,6 отсто, што е за 0,2 отсотни поени повеќе од априлските проекции. Наредната година се очекува да биде остварен раст од 0,9 отсто, што е 0,1 отсотен поен помалку.Снижени се и прогнозите за економиите во развој и тоа за 0,3 отсотни поени. Во 2013 година се очекува нивен раст од пет отсто, а во 2014 година од 5,4 отсто.Меѓу поединечните економии најголемо намалување има на прогнозата за Русија за ова година, за дури 0,9 отсотни поени, на 2,5 отсто, како и за половина отстотен поен за наредната година, на 3,3 отсто.Поизразено се снижени и прогнозите за Кина, на 7,8 отсто за 2013 и 7,7 отсто за 2014 година, што е намалување за 0,3, односно 0,6 отстотни поени.ММФ ги потврди, пак, прогнозите за раст на централна и источна Европа и натаму очекува раст од 2,2 отсто за годинава и 2,8 отсто за наредната година.Во актуелниот извештај ММФ предупредува на продолжените ризици од слабеење на активностите во глобалната економија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

