Економија
S&P го намали кредитниот рејтинг на Италија поради последиците од рецесијата
Агенцијата Standard&Poor’s го намали кредитниот рејтинг на Италија за едно ниво, од БББ+ на БББ, поради загриженоста дека земјата ќе потклекне под притисокот на исцрпувачката рецесија.
„Намалувањето на рејтингот ја одразува нашата процена за натамошното влошување на изгледите за италијанската економија, што би се надоврзало на деценијата реален пад на бруто домашниот производ (БДП) з просечни 0,04 отсто годишно“, се наведува во соопштението на агенцијата што го цитира AFP.
Од S&P воедно ја изменија и прогнозата за италијанскиот БДП за 2013 година и сега се очекува негов поизразен пад, по стапка од 1,9 отсто, во однос на 1,4 проценти прогнозирани во март годинава.
Прогнозата за новиот рејтинг е негативна, што значи дека од рејтинг агенцијата не ја исклучуваат можноста за негово дополнително намалување.
„Прогнозата за долгорочниот рејтинг на Италија е негативна, сигнализирајќи на нашата оцена дека шансите за негово дополнително намалување во 2013 година или во следната 2014 година во најмала рака изнесуваат еден наспроти три“, се додaва во соопштениeто на S&P.
Минатата седмица Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во годишниот извештај за Италија процени дека италијанската економија годинава ќе се намали за 1,8 отсто, во однос на претходно прогнозираните 1,5 проценти. За следната година очекуваат раст по стапка од 0,7 отсто, но предупредија на можни пречки, како што се потфрлање во спроведувањето на мерките за штедење и намаленото кредитирање во земјата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трет ден хаос со „МојДДВ“, граѓаните револтирани, не можат да скенираат фискални сметки

Апликацијата „МојДДВ“ не функционира веќе трет ден, а револтирани граѓани масовно пријавуваат дека не можат да ги скенираат фискалните сметки и да го остварат своето право на поврат на ДДВ.
Проблемите со апликацијата започнаа уште пред неколку дена, а Управата за јавни приходи (УЈП) вчера официјално потврди дека станува збор за технички проблем и увери дека се работи на негово отстранување.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција“, велат од УЈП.
Од институцијата не прецизираат кога „МојДДВ“ ќе проработи, а засега корисниците се оставени да чекаат, со надеж дека нема да изгубат право на поврат на средства.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавуваат реакции од граѓани кои се жалат дека изгубиле време обидувајќи се безуспешно да ја користат апликацијата. Многумина бараат одговорност и транспарентност од институциите, но и посочуваат дека слични прекини во работата на апликацијата се случуваат сè почесто.
Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“