Економија
Ѓорѓиев: Регистарот на вино ги постигна предвидените цели
Винарниците кои биле избришани од Регистарот на вино заради неподмирени обврски кон лозарите, кои потоа ги исполниле, ќе можат повторно да се запишат во Регистарот, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, на прес конференција во Владата.
„Регистарот на производители на вино беше воспоставен со цел да бидат регулирани и ставени во правна рамка односите помеѓу производителите на вино (винарските визби) и производителите на грозје (лозарите) се со цел да биде надминат деценискиот предизвик кој постоеше помеѓу винарниците и лозарите и се огледаше во неисполнување на обврските од дел од винарниците кон лозарите, и како таков Регистарот ги постигна предвидените цели“, рече Ѓорѓиев.
Според него, секоја винарница има обврска најдоцна до 30 април во тековната година да ги исплати сите обврски кон лозарите од кои има откупено грозје во претходната година, и за тоа да поднесе финансиски извештај до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и на тој начин да продолжи да остане впишана во Регистарот на производители на вино, а доколку не ги подмири обврските кон лозарите таа се брише од Регистарот на производители на вино. Со самото бришење од Регистарот на производители на вино, на винарската визба која е избришана и се забранува да откупува грозје или да произведува вино во наредниот период, односно значително се намалуваат можностите за нејзино функционирање во економско-правниот промет.
Владиниот портпарол истакна дека со воведувањето на Регистарот и овие обврски се воведе ред во односите помеѓу винарниците и лозарите и најголем дел од десетиците винарници ги имаат подмирено обврските кон лозарите, а само четири субјекти не ги имаа во целост подмирено обврските и затоа беа избришани од Регистарот.
„Со цел и да се придонесе кон создавање услови за поголема конкурентност на пазарот на грозје и вино што ќе е од интерес и за самите лозари, се наметна потребата за измена на законот, која ќе овозможи избришаните производители на вино кои ги имаат во целост подмирено своите обврски кон производителите на грозје повторно да бидат впишани во Регистарот на производители на вино, што ќе е во интерес и на долгорочна стабилизација на пазарот на грозје и вино во Република Македонија“, рече Ѓорѓиев. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

