Контакт

Економија

Инвестициските можности на Македонија презентирани пред бизнисмени во Ливерпул

Објавено пред

Инвестициските можности кои ги нуди Република Македонија беа презентирани во понеделникот пред бизнис заедницата во Ливерпул, информираше македонското министерство за финансии.

Домаќин на економскиот тим, составен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на агенцијата за привлекување на странски инвестиции Висар Фида, беше Трговската комора на ЛиверпулНа бизнисмените им беа претставени поволните услови кои Македонија како бизнис дестинација им ги нуди на странските инвеститори, стои во соопштението. Вицепремиерот Ставрески ја истакнал даночната политика на земјава, со која Македонија има најниски даночни стапки во Европа. Исто така, била презентирана поволната бизнис клима во земјава – призната од повеќе релевантни светски фактори, реформите кои се направени за процедурите за водење бизнис со кои истите се поедноставени и забрзани, како и поволностите кои ги нудат технолошко-индустриските зони за инвеститорите.Економскиот тим на Владата имаше и билатерални средби со повеќе компании, а делегацијата посети и две од најголемите компании во Ливерпул од областа на прехранбената индустрија и трговијата на мало.Дестинации на кои е предвидено делегацијата да одржи презентации се и Лидс, Шефилд и Лондон. /крај/

Економија

Извршниот директор во ММФ: Централната банка дејствуваше соодветно за време на кризата, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења

Објавено пред

Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за време на корона-кризата со мерки за поддршка, што придонесе за одржување на целокупната стабилност“ – истакна Пол Хилберс, извршен директор во Меѓународниот монетарен фонд за Конституенцата во којашто членува нашата земја. Тој додаде дека „тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења“.

Овие констатации беа дадени за време на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше тимот на Народната банка предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Оваа година, како и минатата, средбите се одржуваат виртуелно поради пандемијата.

Извршниот директор Хилберс посочи и дека одржувањето на независноста на Народната банка е висок приоритет и дека ММФ ја цени стручноста и истрајноста на раководството и стручниот тим на Народната банка, особено во напорите да се надминат ефектите на корона-кризата.

„Народната банка спроведе политики и неуморно работеше заедно со централните банки од Европската Унија за надминување на негативните ефекти предизвикани од корона-кризата. ММФ оддава особено признание за овие залагања. Професионалноста, стручноста и посветеноста се на највисоко ниво кога станува збор за одлуките што ги спроведува Народната банка. Исто така, даваме целосна поддршка за мерките на монетарната политика за одржување на макроекономската и финансиската стабилност“ – нагласи извршниот директор.

За време на состаноците, посебно внимание им беше посветено на најновите проекции на ММФ, што укажуваат на натамошно закрепнување на македонската економија, во услови на поволно надворешно опкружување, поголема доверба и стимулативните мерки од политиките. Проекциите укажуваат и на намалување на инфлациските притисоци и стабилна надворешна позиција на економијата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека Народната банка внимателно ги следи економските случувања и потврди дека економските изгледи се во согласност со очекувањата на ММФ. Таа истакна дека со оглед на целокупната неизвесност предизвикана од пандемијата на ковид-19, Народната банка и понатаму внимателно ќе ги следи сите показатели, вклучително и движењето на цените и инфлациските очекувања. Централната банка е подготвена да реагира доколку е потребно.

Министерот Фатмир Бесими, кој го предводи тимот на Министерството за финансии, исто така учествуваше на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата: Продолжува да расте просечната месечна нето-плата

Објавено пред

Во согласност со податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во август 2021 година изнесува 28.642 денара.

Тоа значи зголемување од 4 % во однос на истиот месец минатата година, поточно за 1.107 денари. Зголемување на просечната нето-плата е регистрирано и во однос на јули годинава кога платата изнесувала 28.540 денари, соопшти Владата.

Зголемувањето, како што образложуваат од таму, се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,1 %), уметност, забава и рекреација (14,2 %) и други услужни дејности (13,5 %).

Во согласност со статистиката, највисока просечна нето-плата е регистрирана во секторот информации и комуникации, потоа следуваат финансиски дејности и дејности на осигурување.

„Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите, кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата. Доколку последниот податок го споредиме со август 2017 година кога просечната плата била 22.912 денари, разликата е 5.730 денари“, пишува во владиното соопштение.

Од таму додаваат дека се посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5 % и покачување на платите за 20 до 30 отсто сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

Хоџа: Успешно завршен проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги“

Објавено пред

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, присуствуваше на завршен настан по повод затворањето на проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги“. Завршниот настан се реализира во присуство на претставници од релевантни национални и меѓународни организации, институции, ѓраѓански организации, задруги, земјоделци и групи на земјоделци.

Проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги“ е од исклучителна важност за развој на задругарството во Република Северна Македонија. Финансиски е поддржан од Европската Унија, имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија. Краен корисник се МЗШВ и сите земјоделци, информираат од Министерството.

На настанот поздравни обраќања имаа министерот Арјанит Хоџа, Константинос Супилас – програмски менаџер на делегацијата на ЕУ, Сумка Бучан – регионална директорка на CARE, Лазар Неданоски – извршен директор на МРФП и Сузана Димитриевска – претседателка на Македонската асоцијација на земјоделските задруги.

„Во изминатиот период Министерството направи сериозен исчекор во развојот и поддршката на задругарството. Земјоделците ги препознаа поддршката од државата и реалниот бенефит што го имаат од членството во задруги. Тие имаат можност да купуваат државно земјоделско земјиште, поволности при бодирањето за финансиска поддршка и можности за субвенционирана набавка на опрема и механизација, која ќе им го олесни производството и ќе придонесе за поголеми резулати во нивното работење. Исто така, достапни се европските фондови, набргу ќе почне и ИПАРД 3-програмата, со што се отвораат нови можности и нови средства на располагање“, изјави Хоџа.

Тој се заблагодари на поддршката што континуирано ја добиваме од Делегацијата на Европската Унија, како и на сите учесници во проектот.

Константинос Супилас – програмски менаџер на Делегацијата на ЕУ, изјави дека е многу задоволен што денеска одбележуваме завршување на уште еден проект, реализиран со поддршка од Европската Унија. Тој им се заблагодари на сите учесници што беа директно вклучени во процесот и кои заеднички ги постигнаа проектираните цели на проектот.

Вкупниот износ на проектот е 1,98 милион евра и има цел да се зголемат конкурентноста на пазарот и соработката меѓу земјоделците во земјата преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Колумбискиот нарко-бос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен нарко бос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци...

Свет1 час

Тедрос: Пандемијата нема да заврши додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрејесус изјави дека пандемијата на Ковид е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион12 часа

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион15 часа

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија15 часа

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ17 часа

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион18 часа

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион20 часа

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет21 час

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ22 часа

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Македонија2 дена

(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери....

Свет2 дена

Русија се соочува со рекорден број починати и заболени со коронавирус – Путин донесе построги мерки

Во Русија, петти ден по ред, е поставен нов рекорд, 1.075 починати од Ковид-19 и 37.678 нови инфекции во изминатите...

Македонија2 дена

Две дози вакцина примиле 46 отсто од полнолетните граѓани, а 4.720 примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472...

Свет2 дена

Австрија ги заострува мерките – воведува „локдаун“ за невакцинираните

Во Австрија од 1 ноември вработените ќе можат да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани, ако прележале коронавирус или...

Регион2 дена

Хрватските граѓани од денеска во САД можат да патуваат без визи

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави Американската амбасада во Загреб. Оваа...

Свет2 дена

Нови детали: На снимањето на филмот имало и други проблеми и инциденти

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимањето на филм и ја уби директорката на фотографија, му го дал...

Македонија3 дена

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Македонија3 дена

Регистрирани 411 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Досие