Контакт

Економија

Поскапуваат алкохолот и цигарите

Објавено пред

Цената на алкохолните пијалоци и на поевтините цигари во Македонија благо ќе се покачи, откако деновиве стапија на сила измените во Законот за акцизи.

Согласно измените, цената на пивото се зголемува за три до четири денари по литар, додека кај жестоките алкохолни пијалоци таа ќе се зголеми и до 40 денари.Покрај ова се очекува зголемување на цените на поевтините цигари, кои ќе поскапат од четири до 10 денари.Измените во Законот за акцизи предвидуваат акцизата на цигарите постепено да се зголемува во наредните 10 години.Во првите три години поскапувањето ќе изнесува за 0,15 денари по парче цигара годишно, додека од 2016 до 2023 година цигарите ќе поскапуваат секоја година по 0,20 денари за парче.Во наведениот период акцизата на тутунот за пушење како фино сецкан тутун годишно ќе се зголемува по 50 денари за килограм.Зголемувањето на акцизите е со цел усогласување со европските директиви, појаснија од министерството за финансии при претставувањето на законските измени. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Истражување: Колку дена може да се живее со 1.000 фунти во различни земји во светот

Објавено пред

Британскиот портал money.co.uk ги истражувал дневните трошоци за живот и просечните плати во земјите низ светот, за да утврди каде 1000 фунти траеле најдолго, а каде најкратко, користејќи индекс на трошоците за живот кој вклучува бројни фактори, како што се храна, комунални услуги и  трошоци за превоз.

Според резултатите од истражувањето, Колумбија се нашла на првото место меѓу земјите во кои 1.000 фунти би издржале најдолго, односно 109 дена, потоа следат Турција (103 дена), Казахстан е трет (100 дена), додека Србија е деветта, со таа сума која опфаќа 84 дена дневни трошоци за живот.

Од земјите во регионот, човек може да живее со 1.000 фунти 80 дена во Црна Гора, 86 дена во Романија, 82 дена во Бугарија и 74 дена во Унгарија.

Од друга страна, во Швајцарија, со споменатата сума не може да се издржи цел месец и ќе трае само 27 дена, бидејќи дневните трошоци за живот, според пресметката на британскиот портал, во таа земја изнесуваат 37,96 фунти дневно просечно.

Граѓаните на Лихтенштајн и Норвешка би поминале малку подобро, бидејќи со 1.000 фунти би издржале 33 дена.

Кога станува збор за времето потребно во земјите низ светот за да се заработи оваа сума, Лихтенштајн е лидер со најкраток рок од само четири дена, потоа се Швајцарија, Норвешка, Луксембург и Исланд, со пет работни дена.

Од земјите што треба да работат најдолго за да заработат 1.000 фунти, Колумбија повторно е на врвот на листата со 62 работни дена, потоа Белорусија (57 дена), Србија (49 дена), Црна Гора (46 дена) и петто Мексимо со 43 работни дена, покажува истражувањето на порталот money.co.uk.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска: Сите одлуки треба да се темелат на квалитетни статистички податоци

Објавено пред

Квалитетните статистички податоци се основа за носење издржани одлуки и политики, особено во време на голема неизвесност, како што е онаа предизвикана од пандемијата. Сите одлуки поврзани со монетарната политика, финансиската стабилност или супервизорските активности се засноваат на обемно портфолио статистички податоци. Оттаму, постојаните напори за стандардизација, подобрување на квалитетот и обемот на статистичките податоци се од исклучително значење, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на настанот организиран од Државниот завод за статистика, во соработка со Шведската статистика, по повод почетокот на твининг-проектот „Зголемена достапност и употреба на официјалната статистика во Република Северна Македонија“. Со овој настан, меѓу другото, се одбележа и Денот на европската статистика, којшто секоја година се одржува на 20 октомври.

Како што истакна Ангеловска-Бежоска, пандемијата наметна предизвици за статистичкиот систем во глобални рамки, создавајќи ризици во однос на континуитетот и навременоста на подготовка на постојните статистички податоци, но истовремено создаде потреба и за нови, дополнителни податоци и информации за навремена оцена на состојбите во економијата.

„За време на корона-кризата, заради брза реакција и одговор на зголемените ризици, моравме да ги приспособиме и да ги искористиме сите информации што ни беа на располагање. За таа цел, ги комбиниравме официјалните статистички податоци со подетални податоци од различни извори, како што се на пример административните, податоците од анкетните истражувања, извештаите за регулативата. Заради внимателно следење на ризиците и оцена на состојбата во економијата, започнавме со следење на алтернативните високофреквентни податоци, а воведовме и нови видови известувања поврзани со мерките за олеснување на регулативниот товар за банките, воведени како одговор на кризата ‒ посочи гувернерката.

Како што истакна таа Народната банка, како дел од статистичкиот систем постојано вложува напори за подобрување на квалитетот, квантитетот и објавувањето на статистичките податоци коишто ги изготвува.

„На крајот на 2019 година, воспоставивме платформа за статистичка дисеминација, НБСтат, којашто на пошироката јавност, истражувачите, новинарите и носителите на политики, им овозможува да ги преземат статистичките податоци во онаа форма којашто најмногу им одговара на потребите. Оттогаш, постојано вложуваме напори за воспоставување поприемчива комуникација со јавноста ‒ преку подобра визуализација, соодветна содржина и поедноставен јазик. Во моментот, Народната банка спроведува е-анкета за подобар увид во тоа колку се задоволни корисниците со нашите статистички податоци и кон што треба да ги насочиме нашите идни напори“ ‒ посочи гувернерката.

На настанот учествуваа претставници од Секретаријатот за европски прашања, амбасадорката на Шведска во земјава Кристин Форсгрен Бенгстон и директорите на шведскиот и македонскиот завод за статистика, Јоаким Стимне и Апостол Симовски.

Прикажи повеќе...

Економија

„Опел“ проверка на системот за сопирање

Објавено пред

Еуроимпекс, генерален увозник за брендот Opel во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија им понудува на своите клиенти -15% на системот за сопирање.

„Не се плашам да се движам напред, сè до дека можам силно да закочам“ е новиот слоган на кампањата на брендот, која повикува на безгрижно користење на својот автомобил „опел“.

Воедно брендот повикува на совесно користење на своето возило, со цел продолжување на неговиот животен век, како и поголема безбедност на патниците. Под совесно користење на возилото се подразбира редовна грижа за истото и навремена проверка на системот на сопирање. Системот за сопирање игра клучна улога во безбедноста и за возачот и за патниците и за сите други учесници во сообраќајот и како таков мора редовно и навремено да се прегледува и одржува.

Дисковите и плочките се основниот безбедносен елемент на возилото и се подложни на абење. Системот за сопирање е составен од елементи кое се трошат при сопирање и кочење, потребна е нивна проверка и доколку е потребно промена.Посебно треба да се проверат при подолго патување со повеќе патници и багаж или, пак, доколку автомобилот е во отежнати услови на работа. Па токму поради тоа од Еуроимпекс советуваат да се консултирате со овластените сервисни точки на „опел“ и да се врши редовна проверка и замена на течноста за сопирачките во одреден временски период препорачан од производителот.

Ова е одлична можност за сите сопственици на „опел“, да го проверат системот за сопирање со промотивна цена на деловите и работната рака.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Opel во Македонија и истата е со времетраење до 15.11.2021 година.

Еуроимпекс им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети. Повеќе на www.opel.mk

Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на  автомобили „пежо“.
Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија2 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија3 часа

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија4 часа

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија5 часа

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија5 часа

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа7 часа

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион8 часа

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет8 часа

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија18 часа

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Македонија19 часа

ДИК: Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов во првиот круг

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник...

Македонија23 часа

19 починати и 107 заболени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на...

Македонија1 ден

Шилегов очекува победа во вториот изборен круг

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број...

Македонија1 ден

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно и современо Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска со повик до скопјани и во вториот круг да ја поддржат на...

Македонија1 ден

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ победи во 20, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се  32 градоначалници. Според...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија1 ден

ДИК го заврши пребројувањето во Куманово – Димитриевски води со 22 гласа пред Илиевски

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена...

Топ1 ден

Прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои две деца

Дваесет и деветгодишен прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои двајца малолетни. Едно лице се здобило со тешки...

Досие