Економија
Сараќини: Пред да патувате склучете договор со туристичките агенции
Министерот за економија Ваљон Сараќини во петок промовираше брошурата наменета за потрошувачите и нивните права при организирани туристички патувања подготвена од министерството за економија и организацијата на потрошувачи на Република Македонија.
Брошурата, која е испечатена на македонски и на албански јазик, транспарентно и јасно ги претставува правата на потрошувачите при организирани туристички патувања и обврските на туристичките агенции, кои произлегуваат од Законот за туристичка дејност, а имаат за цел да го заштитат потрошувачот од нефер односи и непрофесионално работење на некои субјекти, од една, и да овозможат елиминирање на нелојалната конкуренција меѓу туристичките агенции, професионално извршување на туристичката дејност и фер односи на пазарот, од друга страна.„Преку брошурата сакаме да укажеме посебно на значењето на договорот кој го потпишуваат потрошувачите и давателите на туристички услуги, каде се ставени правата и обврските и на двете страни, не само на едната страна, а златното правило гласи: секогаш склучете договор во пишана форма, но претходно добро запознајте се со договорот”, рече СараќиниТој додаде дека брошурата има за цел да придонесеме за подигање на квалитетот на услугата и секако почитување на регулативата што е во интерес и на агенциите и на граѓаните односно потрошувачите. Во насока на заштита на потрошувачите Државниот пазарен инспекторат постојано врши контроли низ туристичките агенции, што е дел од нивниот годишен план за работа, а континуирано ќе постапува и по пријавите на граѓани за ваков тип оштети.„Кога сме веќе кај жалбите на граѓаните, односно претставките од страна на потрошувачите, минатата година е постапувано по 67 пријави, а присилно се затворени 11 туристички агенции. Главниот проблем со пријавите од граѓаните е неисполнување на договорите кои патниците ги потпишуваат со агенциите”, информираше министерот.Министерот Сараќини апелираше до да ги почитуваат договорите со своите патници, она што го нудат за цената навистина и да го реализираат, бидејќи покрај санкциите кои ќе следат за непочитување на законот за туристичка дејност и законот за заштита на потрошувачите, да не ја занемаруваат и штетата што ќе ја имаат и од директната негативна реклама на незадоволните патници или групи. „Покрај ова, би сакал да им обрнам внимание и на граѓаните, да внимаваат при изборот на аранжмани, да не прифаќаат нереални понуди кои се нудат во рекламирањето и да внимаваат на реномето на агенцијата која ја избираат”, потенцираше Сараќини.На прес конференцијата учествуваат и Претседателот на организација на потрошувачи на Република Македонија Маријана Лончар Велкова и Татјана Перовиќ-Митрова од Стопанска комора за туризам.Лончар Велкова информираше дека промоцијата на брошурата наменета за потрошувачите и нивните права при организирани туристички патувања во другите градови ќе се случува од месец септември, а граѓаните ќе може да ја најдат на веб страниците на организацијата на потрошувачи, на министерството за економија и во секоја туристичка агенција.„Во последните 6 месеци има вкупно 719 поплаки од граѓаните од кои 9 поплаки се однесуваат туристичките агенции. Граѓаните се жалат најмногу на сместувањето, превозот и доцнењето на летовите” посочи Лончар Велкова одговарајќи на новинарско прашање.Татјана Перовиќ Митрова од Стопанската комора за туризам потенцираше, а најпосакувани дестинации се Грција, Турција и Албанија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

