Економија
S&P ги намали прогнозите за кредитниот рејтинг на Хрватска на негативни
Агенцијата Standard & Poors’s (S&P) ги намали во петокот прогнозите за кредитниот рејтинг на Хрватска од стабилни на негативни, задржувајќи го притоа актуелниот рејтинг за задолжување во странска и во домашна валута на ББ+.
Ревизијата на прогнозите го изразува ставот на агенцијата дека продолжувањето на слабеењето на економијата, заедно со ограничените поттикнувачки реформи, ќе доведат до послаба фискална ситуација отколку што претходно се проценуваше.
„Негативните прогнози го одразуваат нашиот став дека би можеле да го намалиме рејтингот на Хрватска во период од една година, доколку ситуација во економијата биде послаба отколку што се очекува, доколку дефицитот се зголемат или доколку надворешниот финансирање стане попредизвикувачко“, се вели во извештајот на S&P што го цитира агенцијата Hina.
Агенцијата смета и дека влегувањето на Хрватска во Европската унија не е голема можноста за решавање на клучните предизвици за растот, конкурентноста и продуктивноста.
„Меѓутоа, имајќи ги предвид барањата за софинансирање, а во недостиг на реформи на страната на државните расходи, ЕУ фондовите достапни за Хрватска во периодот од 2014 до 2020 година, можеби нема да бидат искористени во целост“, додаваат од S&P.
Рецесијата во Хрватска трае пет години, а од 2008 година реалниот бруто домашен производ (БДП) падна кумулативно за 12 отсто, главно поради 12-процентниот реален пад на потрошувачката и 35-процентниот реален пад на инвестициите, при што се истакнува дека во 2013 година се очекува натамошен пад на економијата за 1 отсто.
„Во периодот од 2014 до 2015 година очекуваме дека домашната потрошувачка ќе остане потисната поради раздолжувањата кон приватниот сектор и високата стапка на невработеност. Од 2014 година очекуваме благо заздравување, со помош на повлекување на ЕУ средствата, но ризиците за овие проекции се зголемени. Некои од нив се однесуваат на конкурентноста и предизвикот во инаку историски успешниот туристички сектор“, наведува S&P.
Агенцијата порачува дека во Хрватска има и позитивни знаци во поглед на реформите.„Владата неодамна најави приватизација на државните компании, предложи реформи за подобрување на деловната клима, законот за трудот и планира реформа на пензискиот систем. Меѓутоа спроведувањето на оваа програма досега беше делумна“.
Агенцијата проценува дека кога во октомври Eurostat ќе ги објави податоците за фискалната ситуација во Европската унија, Хрватска би можела да биде соочена со покренување на Постапката за прекумерен долг позната како EDP.
„За 2013 година хрватскиот фискален дефицит веројатно ќе биде поголем од 3 отсто од БДП-то, додека долгот на државата вкупно се приближува на нивото од 60 отсто од БДП-то. Доколку долгот на претпријатието “Хрватски патишта’, кој изнесува 7,5 отсто до БДП-то, го преземе владата, како дел од аранжманот за концесијата, тоа би можело дополнително да го зголеми долгот на државата вкупно, имајќи ја предвид разликата меѓу приходите и долгот преземен од стран на владата“, наведуваат од S&P.
Агенцијата смета дека Европската комисија би можела да ја повик владата на Хрватска фискалната консолидација повеќе д а ја насочи на расходната страна, додека сега владата во Загреб речиси исклучиво е наклонета на приходната страна од буџетот, вклучувајќи ги и планираните приватизации, а нејзините напори во тоа се во застој, поради нискиот раст на економијата и растот на каматите како одраз на зголемувањето на задолжувањето на владата.
Извозот на стоки и услуги, погоден од реструктиурањето на хрватското бродоградежништво, реално останува под нивото од пред 2008 година. Како и во повеќето други земји од источна Европа, нето директната страна на странските вложувања паднала од 6 до 8 посто од БДП од пред кризата на 2 до 3 отсто во последниот период, додека финансирањето на банките од странство остро паднало.
„Хрватската централна банка е одадена на одржувањето на стабилниот курс на куната во однос на еврото, што ја ограничува флексибилноста на монетарната политика во евроизираната економија. Хрватскиот банкарски систем, претежно во странска сопственост, ќе продолжи да известува за ниската профитабилност поради слабите економски прогнози, потисната домашна побарувачка и умерениот раст на кредитите“, наведуваат во S&P.
Според мислењето на аналитичарите на оваа меѓународната агенција за кредитниот бонитет, растат кредитните ризици во хрватската економија.
„Очекуваме натамошен раст на лошите кредити, поради слабостите во градежниот и секторот на недвижнини, па до крајот на 2013 година би можеле да достигнат 18 отсто од вкупниот кредити. Веруваме дека капитализацијата на домашниот банкарски сектор е димензионирана за да ги апсорбира натамошните влошувања на квалитетот на сопственоста. Меѓутоа, тој капацитет е пред предизвик поради ризикот во врска со неодамнешната пресуда за хипотекарните кредити во швајцарски франци и можноста за надоместоци за заемопримачите“, заклучуваат во Standard & Poor’s објаснувајќи ја одлуката да и намалат на негативни прогнозите за Хрватска./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

