Економија
Во словенечките банки сé повеќе лоши кредити, сé помалку приходи од камати
Словенечките банки оствариле во првите пет месеци од 2013 година 318,4 милиони евра приходи од камати, што е за 20,5 отсто помалку отколку во истиот период минатата 2012 година, а опсегот на кредити чија наплата доцни повеќе од 90 дена се зголемил на повеќе од 7,5 милијарди евра, пишува во понеделникот љубљанскиот дневен весник Dnevnik, кој се повикува на подтоци од словенечката централна банка.
Зголемениот опсег на лоши кредити и повеќегодишниот тренд на намалување на приходите од каматите резултирале со загуба која во словенечкиот банкарски систем во првите пет месеци од годинава изнесувала 10,8,1 милиони евра.
Банките ја намалуваат својата кредитна актвиност и поради лошите кредитие мораат да обликуваат високи резервации, а нето приходите од каматата им ги намалува и расчекорот меѓу високите каматни стапки коишто ги даваат за да привлечат депозити, и каматните стапки кои ги пресметуваат на одобрените кредити.
Словенците во банките имаат 14,5 милијарди евра депозит, а практично сите договори се врзани со фиксни каматни стапки кои поради конкуренцијат амеѓу банките и натаму остануваа твисоки. ИСтворемено, на голем омнозинство крадити з аграѓаните, чи вкупен износ е 8,7 милијарди евра, се пресметуваат променливи каматни стапки, врзани со европската референтна каматна стапка Euribor, која е на рекордно ниско нови, пишува Dnevnik.
Според весникот, во една од водечките словенечки банки, се проценува дека месечната рата за отплата на петгодишен хипотекарен кредит од 50 илјади евра, се намалила за повеќе од 20 отсто.
„Иако кредитните договори се разликуваат, може д асе заклучи дека банките поради нискиот Euribor ги губат приходите од каматите. Од друга страна, нивните каматни расходи пребавно се намалуваат, бидејќи каматите на депозитите попради конкуренцијата меѓу банките и натаму се високи“, оценува Dnevnik.
Некои банки, се вели натаму во тексто, сметаат дека излезот е во консолидација на словенечкиот банкарски пазар, бидејќи на него за пазарните удели во моментов се натрпеваруваат повечќе од 20 банаки.
Претходно минатата седмица, словенечкиот економист Игор Мастен во разговор за весникот Delo изјави дека трошоците за санацијата на словенечките банки со префрлувањето на нивните лоши кредити врз лоша банка ќе бидат за 1,5 до 2 милијарди евра повисоки отколку што би биле доколку оваа операција била започната во 2009 година кога тоа тој го предлагаше, а двојно поголеми доколку се земат предвид негативните ефекти во економијата.
Овој економист и професор на Економскиот факултет во Љубљана, кој своевремено беше и член на советот на словенечката централна банка, додава дека вкупната штета настаната од 2009 поради проблемот на лошите кредити во словенечките банки е всушност 3,5 милијарди евра, доколку се уважат негативните последици од таквата состојба во банките врз работењето на претпријатијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

