Економија
САД ќе го достигнат лимитот за задолжување во октомври

САД ќе го достигнат со законот дозволениот горен лимит за задолжување кон средината на октомври, со што се зголемуваат изгледите владата во Вашингтон да дојде во ситуација да не може уредно да ги подмирува своите обврски, предупреди американскиот министер за финансии Џејкоб Лу.
Во писмото од понеделникот до Конгресот, Лу ги повикува законодавците да го подигнат лимитот за задолжување од сегашните 16.700 милијарди долари. Доколку не го сторат тоа, предупредува, „американската економија би можела да претрпи непоправливи штети“.
Напомнува дека министерство за финансии работи под тој плафон, откако е достигнат на 17-ти мај, со помош на „вонредни мерки“, за да се решат обврските по прашање на исплаќањето на обврските, и благодарејќи на даночните приливи кои се поголеми од очекуваното. Меѓутоа, Лу предупредува дека најновите процени упатуваа дека маневарскиот простор ќе биде исцрпен околу средината на октомври.
„Тогаш САД ќе го достигнат лимитот на дозволеното задолжување, а министерството ќе биде во ситуација да ја финансира владата само со парите кои располагаме во дадениот момент“, предупредува Лу.
Додава дека тоа би ги довеле САД во неприфатлива позиција, во којашто не би можела да ги исполнуваат растечките обврски по прашање на исплатите за здравството и потребите на пензискиот фонд, но не би можеле да ги исплаќаат ниту платите. Предупредува дека, и доколку се намали побарувачката на инвеститорите во американски државни обврзници, САД би можеле да бидат соочени со директен недостиг од пари.
„Таквото сценариo навистина би можел и да ги поткопа финансиските пазари и да резултира со значителни пореметувања во нашата економија“, тврди министерот за финансии Лу во писмото адресирано на претседателот на Пратеничкиот дом, Џон Бонер.
Лу напомнува и дека не е можно да се каже во кој точно момент обврските на министерството ќе ги надмината расположивите средства, но дека „во секој случај Конгресот мора да дејствува пред средината ана октомври“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.