Економија
Македонија ја укинува мерката за условен увоз на пченица

Македонската влада донесе одлука од 2-ри септември да биде укината привремената мерка за условен увоз на пченица од странство, бидејќи пазарот е стабилизиран, предизвикот се надминува и се создаваат услови за укинување на оваа заштитната мерка, соопшти во средата владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Ова мерка беше донесена за заштита на домашното производство, потсети портпаролот Александар Ѓорѓиев и потенцираше дека домашниот пазар е веќе стабилизиран и се создадени услови за повлекување на мерката.
„Домашното производство е околу 95 отсто откупено со што се создадоа услови за повлекување на заштитната мерка“, рече Ѓорѓиев на рдовната прес-конференција.
Појасни дека мерката ги постигнала поставените цели, пазарот е стабилизиран, а предизвикот се надминува.
Ѓорѓиев додаде дека Владата била информирана и за завршувањето на процесите за стабилизација и на пазарот на брашно во земјата, и се очекува да се укине и мерката за условен увоз на брашно од странство во првата половина на септември, бидејќи и за тоа, како што напомена, се создадени услови.
„Мерките беа донесени врз основа на домашното и меѓународното право, врз основа на длабока аргументација и со цел заштита на домашното производство, цениме дека истите ја постигнаа целта, помогнаа за стабилизирање на пазарот и ги надминаа предизвиците од евентуални какви било нарушувања, посочи владиниот портпарол.
Ѓорѓиев за заблагодари до сите субјекти од земјата и од странство за конструктивниот однос во справувањето со овој општествен предизвик./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.