Економија
Експертите порачуваат: Реструктуирање на малите и средните компании во Македонија и едукација во најкомплексните области
Важноста од воведувањето на финансиската транспарентност во работењето е на високо ниво, а од сето тоа зависи животниот циклус на компаниите. Потребно е да се воведат нови работни функции, доедуцирање на кадарот и реорганизација на работни позиции за кои порано воопшто немало потреба.
Овие нови услови на работење и управување на компаниите ги диктира кризната 2008 година, со која се соочија повеќето од компаниите во Македонија, а и компаниите на глобално ниво. Сопствениците на мали и средни компании во Македонија, на деловен појадок, под менторство на регионалните експерти од Србија, Милан Мијаиловиќ и Љубомир Јовановиќ, заеднички ги поставија постулатите за важноста на финансиската писменост и финансиска транспарентност во работењето на малите и средните компании во Македонија.
Како тема на овој бизнис појадок беше поставено прашањето: Дали, како и кога треба да го пораснам сопствениот бизнис, со кое се соочуваат македонските компании.
„Одземено ни е правото да одговориме на прашањето дали сакаме или пак не. Потребно е да избереме дали сакаме да се реструктуираме и да обезбедиме предуслови бизнисот да расте, или пак ќе донесеме одлука да останеме онаму каде што сме. Неликвидноста се јавува како последица на неподготвениот раст и развој на компаниите, која пак е прашање на рентабилноста. Токму поради овој момент, компаниите 90 % од времето го посветуваат на пронаоѓање на евтини кредити“ изјави Милан Мијаиловиќ – финансиски консултант од Р.Србија.
Кај банките потребно е да се пласира способноста за враќање на кредитите. За да се постигне тоа, најважно е да се работи на подигање на финансиската писменост на компаниите, односно колку точно средства им се потребни на компаниите (ни повеќе, ни помалку) за да можат да го унапредат односно, прошират сопствениот бизнис.
„Со банките потребно е да се разговара на ист јазик. Од една страна, штом тие го забележат тоа, со сигурност на компаниите ќе им ги дадат потребните средства во вид на кредити, а од друга страна се сигурни дека парите ќе бидат вратени“ додаде Мијаиловиќ
Пазарите низ Европа очекуваат регионот да стане доминантен производител на земјоделски производи. Тоа претставува дејност која е најисплатлива за малите и средните компании во Македонија, бидејќи производите од овој регион се доста познати и квалитетни.
„Малите компании кои ги зафати кризата, потребно е брзо да се реструктуираат, да се насочат во производство што носи пари, а помалку да се насочуваат кон давање на услуги“ Љубомир Јовановиќ им посочи на сопствениците на мали и средни компании од Македонија.
“Според нашите истражувања, една од исплатливите работи на овие простори е земјоделското, односно прехранбеното производство. Тоа е нешто што на овие простори, особено во Македонија ќе даде позитивни резултати.“ додаде Јовановиќ. Деловниот појадок од овој карактер, претставуваше одлична можност за отворена дискусија и заедничко пронаоѓање на соодветни решенија на прашањето: Дали, како и кога да почнам со стратегија за развој, проширување, зголемување на портфолиото, зголемување на пласман на пазарот. Овој деловен појадок е првиот од планираните четири и всушност сите се на различна тема, опфаќаат Финансии, Контролинг, Интернет маркетинг и Продажба. Овие четири теми се дел од Експертските Академии наменети за македонскиот пазар“ истакна Душко Угриноски – директор на Triple S Group и организатор на првиот деловен појадок на тема финансии.
Како што расте еден бизнис, потребно е и инвестирање во образованието, едукацијата и вештините за успешно управување на менаџментот, а и на целиот тим кој при растот презема поголем дел од работата и одговорноста на менаџментот./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

