Економија
Груевски најави ново покачување на пензиите, платите и социјалната помош
Македонскиот премиер Никола Груевски во средата во годишното обраќањето пред бизнис заедницата најави дека при крај се подготовките за буџетот за 2014 година, со кој се предвидува ново покачување на пензиите, платите и социјалната помош.
Груевски информираше дека пензиите и социјалните надоместоци ќе се зголемат од март 2014 година за пет отсто, а за исто толку ќе се покачат и платите во јавната администрација, но од октомври 201 година.Проекцијата за буџетот за 2014 година се базира на економски раст од 3,2 отсто, инфлацијата е проектирана на 3,3 отсто, а буџетскиот дефицит треба да достигне 3,5 отсто, најави Груевски, додавајќи дека ќе остане ниското ниво на јавниот долг.Премерот изрази оптимизам дека Македонија е на добар пат на макроекономско заздравување, при што наведе дека се очекува годината да заврши со раст од 2,6 отсто, а веќе во 2015 година растот да се искачи на 3,8 отсто.Во насока на подобрување на ликвидноста меѓу компаниите, која што од самите бизнисмени е лоцирана како еден од најгорливите проблеми, Груевски најави воведување на Закон за финансиски дисциплина.Со овој закон се предвидува долговите помеѓу две приватните компании, или долг на државна интуиција кон приватна фирма да биде исплатен во рок од 60 дена, освен во исклучителни ситуации и со договор од двете страни, истакна Груевски.Во случај на прекршување на законот ќе се плаќа камата и ќе следува прекршочна пријава.Покрај ова, Груевски најави и дека јавно ќе се објавуваат имињата на должниците, кои не ги подмириле даноците и другите обврски кон државата и тоа за долг од 2.000 евра за физички лица и 5.000 за правни лица. Оваа мерка се воведува во насока на борбата со нелојалната конкуренција.Македонскиот премиер, во подолгото обраќање пред стопанствениците, најави и нов закон за стечај, со кој нагласи дека стечајните постапки во Македонија ќе се решаваат најбрзо во Европа и дека најкомпликуваните ќе случаи ќе бидат решавани најдолго за осум месеци.Ветувајќи дека ќе продолжи трендот на изградба на големи инфраструктурни проекти, Груевски најави дека во плам е изградба на автопат Скопје-Свети Николе-Штип и Кичево-Охрид, за што владата планира да се задолжи од Кина под исклучително поволни услови, а се очекува и реконструкција на неколку магистрални патишта.Иако се работи за мерка која индиректно подобрува во креирање на бизнис климата, Груевски најави информираше за измените во законот за јавна администрација, при што вети измените ќе придонесат за ефикасна администрација која ќе биде сервис за граѓаните и бизнисмените и дека во која ќе работата најуредните и најквалитетните кадри. Груевски во обраќањето пред членовите на трите водечки стопански комори во државата, потсети и на некои од мерките што владата ги воведе во минатото, за кои рече помогнале Македонија во време на светска криза да ја намали невработеноста и да бележи економски раст, со исклучок на две години, кога е остварен минимален пад.Притоа Груевски истакна дека голем дел од мерките биле воведени токму на барање на стопанственици и најави дека владата ќе продолжи со практиката да оди на теренски средби со компаниите.Премиерот ја искористи можноста и да им забележи на компаниите дека предолго ја занемариле општествената одговорност и ги повика да се охрабрат и што е можно повеќе да одвојуваат дел од нивните добивки за помош на спортистите, уметниците, на лицата на кои им е потребна здравствена помош и слични хумани работи Груевски им одржа лекција на домашните бизнисмени дека насекаде во цивилизираниот свет практика е во голема мера да се донира во разни општествено корисни проекти и како пример ги наведе американските компании, кои, како што рече, се натпреваруваат која ќе биде похумана и која ќе даде повеќе пари на донаторски конференции. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

