Економија
OECD: Најголемите светски економии ги зголемиле субвенциите за земјоделието во 2012-та
Најголемите светски економии минатата 2012 година ги зголемиле земјоделските субвенции и покрај напрегнатите буџети и високите цени на храната, утврди Организацијата за економска соработка и развој (OECD).
Минатата година државната поддршка во земјоделието во 47 најразвиени земји во светот во просек достигнале вредност од околу 17 отсто од бруто приходите во овој сектор, во однос на 15 отсто, колку што изнесувале во 2011 година, објавија од OECD во редовниот годишен извештај. Тоа зголемување, всушност, било непотребно, имајќи предвид дека повисоките цени на земјоделските производи дале добра можноста да се намалат субвенциите, сметаат од OECD.
„Светските пазари на храни и стоки доживуваат будење и се очекува дека цените на стоките и натаму ќе растат, па е вистински момент владите веродостојни да се обврзат да спроведат опсежна реформа на земјоделските субвенции“, заклучува директорот на OECD за трговија и земјоделие, Кен Еш.
Извештајот беше претставен во Брисел, во седиштето на Европската унија, којашто според наводите на OECD презема „значителни чекори“ за да ја реформира извонредно великодушната програма на субвенции. Сепак, можни се и дополнителни подобрувања, се напомнува натаму во споменатиот извештај.
Во јуни Европската унија најави голема реформа на контроверзната Заедничка земјоделска политика (CAP) којашто би требало да ги опфати пониските субвенции за индустриските фарми и поттикнувањата за младите земјоделци. Според важечките прописи, 80 отсто од субвенциите во рамките на CAP се исплатуваа на 20 отсто од земјоделските претпријатија коишто се занимаваат со интензивно производство, имајќи предвид дека неколку земји уште ги поврзуваат субвенциите со нивното на производството. Според новиот предлог земјите членки ЕУ до 2019 година треба да се погрижат секој земјоделец да добие најмалку 60 отсто од просечниот износ од субвенциите по хектар.
Во OECD, притоа, предупредуваат дека планираната реформа „не претставува значително отклонување, ниту од актуелната ориентација, ниту од обем на поддршка во 28-членито блок“. Според оваа меѓународна организација субвенциите минатата година достигнале противвредност од 19 отсто од бруто приходот во земјоделието во ЕУ, о споредба со 7 отсто колку што изнесувале во САД.
Најголемите економии во формирање, пак, минатата година повторно ги зголемиле земјоделските субвенции, коишто во Кина изнесувале 17 отсто од вкупните приходи а во Индонезија 21 отсто. Нивното ниво, пак, останало релативно ниско во Бразил, на 5 проценти, и во Јужноафриканската Република, каде што изнесувала 3 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

