Економија
Државата в година ќе троши 2,87 милијарди евра
Државните расходи во 2014 година планирано е да изнесуваат 176,5 милијарди денари (околу 2,87 милијарди денари), додека истовремено се очекува државата да прибере приходи во износ од 158,2 милијарди денари (2,57 млрд евра).
Ова се предвидува со Предлог буџетот за 2014 година, што е усвоен на владината седница доцна во четвртокот вечерта.Потпретседателот и министерот за финансии Зоран Ставрески во петокот информираше дека расходната и приходната страна на буџетот се зголемени за седум отсто во однос на тековниот буџет.Со буџетот за 2014 година се предвидува раст на БДП-то за 3,2 отсто, а инфлацијата се очекува да се движи околу 3,3 отсто. „Буџетот и изработен врз основа на продолжувањето на поздравувањето на македонската економија, кое започна на крајот на 2012 година, а со поинтензивно темпо се реализираше во првата половина на 2013 година“, изјави Ставрески.Тој додаде дека буџетскиот дефицит планирано е да изнесува 3,5 отсто од БДП-то, а истиот ќе се финансира во комбинација на странски и домашно извори.„Во тој дел кај странските извори ќе биде следена состојбата на пазарот на капитал и зависно од условите таму ќе оцениме, дали, во која фаза и во кој момент ќе излеземе со евентуална обврзница, или пак ќе се комбинира тоа со гаранција од Светската банка со цел да се добие поповолна каматна стапка“, рече Ставрески.На домашен терен најави проширување на лепезата на инструменти преку подолгорочни хартии од вредност и до 10 години, за што интерес имало кај пензиските фондови и осигурителните компанииСтаврески како особено значајно во буџетот за наредната година го подвлече зголемувањето на капиталните инвестиции за 20 отсто на 22,5 милијарди денари (365,8 милиони евра).„Значајно е што во вакви околности владата издвојува средства за 20 отсто повисоки во капиталните инвестиции. Тоа е она што треба да овозможи и натаму да продолжи високиот раст на бруто инвестициите и да помогне да се реализира предвидениот пораст на БДП, со заживување и на другите сегмети, како што се инвестиции на приватниот сектор и странските инвестиции“, изјави Ставрески.Тој информираше дека е предвидено да се издвојат 3,4 милијарди денари за поддршка на патната и железничката инфраструктура, во образование, детската заштита и спортот се планирани 2,4 млрд денари, додека 1,9 млрд одат за изградба на или реконструкција на Јавни здравствени установи.Во тој контекст, Ставрески најави за почнување на изградба на Клиничкиот центар во Скопје и на болницата во ШтипЗа енергетската и комуналната инфраструктура ќе бидат наменети 1,3 млрд денари, а 505 милиони за технолошко индустриските зони.Притоа Ставрески подвлече дека ова нема да бидат единствените средства што во наредната година ќе се издвојат за инвестиции во инфраструктурата, наведувајќи дека одредени средства ќе обезбедат и Јавното претпријатие за патишта, како и енергетските компании ЕЛЕМ и МЕПСО.Со буџетот се планира од март 2014 година зголемување на пензиите и социјалната помош за пет отсто, а за ист проценти ќе се покачат платите во државниот сектор од октомври истата година. Субвенциите на земјоделците ќе бидат зголемени на 140 милиони евра. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

