Економија
Ставрески:Растот во 2016 година ќе достигне 4,5 отсто
Македонија се очекува во 2016 година да оствари раст од 4,5 отсто, инфлацијата да биде под три отсто, буџетскиот дефицит да се намали на 2,6 отсто, а јавниот долг да се зголеми на 37,4 отсто.
Ова се предвидува со Фискална стратегија за 2014-2016 година, што во петокот во Скопје ја претстави потпретседателот и министерот за финансии Зоран Ставрески.Со стратегијата, со која се дефинира среднорочната рамка за буџетот и за вкупната фискална политика, се предвидува Македонија да забележи раст на бруто домашниот производ во 2014 година за 3,2 отсто, а во 2015 година да оствари раст од 3,8, за да во 2016 година растот да достигне 4,5 отсто.„Значи очекуваме постепено зголемување на економскиот раст, што секако ќе зависи од околностите во европската економија“, изјави Ставрески.Тој појасни дека ова базично сценарио е направено врз претпоставка дека и европската економија постепено ќе заздравува и дека тоа заедно со амбициозна програма на владата за капитални инвестиции, со приливот на странски инвестиции како во постоечките фабрики и со новите кои се имаат најавено, како и со ефтината кредитна линија од европската инвестициска банка со новите 100 милиони евра треба да креира еден попозитивен амбиент во следните две три години.Ставрески најави дека инфлацијата во следниот среднорочен период ќе остане на ниско ниво и се очекува да падне под три проценти Буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува со проектирана стапка од 3,2 отсто во 2015 година и 2,6 проценти 2016 година, при што главниот акцент одново ќе биде ставен на капиталните инвестиции, рече СтаврескиДржавниот долг ќе остане во умерени граници и од сегашното ниво на 34 проценти со реализација на сите овие крупни инфраструктурни проекти очекувањата се дека до 2016 година нема да надмине 37,6 проценти од БДП, со што Македонија и натаму ќе биде меѓу најниско задолжените земји во Европа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

