Економија
Рен: Францускиот буџет во согласност со обврските кон ЕУ
Француското планирано штедење и економските прогнози се во согласност со нејзините европски обврски, изјави во четвртокот европскиот комесар за економија, Оли Рен, настојувајќи да ја прикрие фрустрацијата поради благите француски економски реформи.
Односите меѓу Брисел и Париз станаа напнати откако Европската комисија и’ порача на Франција да ја намали потрошувачката и да го реформира пензискиот систем во земјата во замена за двегодишното одложување на рокот за усогласување со европските прописи за буџетскиот дефицит и долг.
Претседателот Франсоа Оланд ја предупреди Европската комисија да не и’ кажува на Франција како да ја реформира својата економија, а министерот за финансии Пјер Московици настојува да ја одбрани позицијата на Париз при неговата посета на Брисел во четвртокот, еден ден откако беше претставен предлогот за францускиот буџет.
„Франција вложи огромен напор за да ги подобри своите јавни финансии, а нацрт буџетот го карактеризира одговорност и штедливост. Претпоставките на коишто почива предлогот веројатно ќе бидат остварени“, изјавил еврокомесарот Оли Рен на заедничката прес-конференција со Московици.
Претходно во средата, Московици во францускиот парламент го претстави предлогот на буџетот за 2014 година и плановите за заштеда на 15 милијарди евра со коишто дефицитот би се спуштил на 3,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП), со контекст на прогнозиран раст од само 0,9 отсто.
Париз, така, се откажа од оригиналниот целен дефицит, а Брисел го загрижува дека француската влада не презема доволно радикални мерки за да го стопира растот на трошоците на трудот, падот на францускиот удел во меѓународните извозни пазари и пропаѓањето на француската индустрија.
Оли Рен изјави дека е задоволен од насоката во којашто се движи Франција, но избегна да се осврне на благата пензиска реформа на претседателот Оланд, којашто не ги задоволува барањата на Европската комисија, за подигнување на возраста за заминување во пензија. Иако, со реформата ќе се продолжи рокот за уплатување на придонесот за пензиско штедење, со неа не се менува старосната возраст за заминување во пензија е од 62 година, меѓу најниската во Европа.
Според новите европски прописи со коишто би требало да се спречи новата должничка криза во еврозоната, земјите членки мора да поднесат пред Европската комисија нацрт буџет за 2014 година до 15-ти октомври./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

