Економија
Ставрески очекува плодна и конструктувна дебата за буџетот
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески очекува плодна и конструктивна дебата на пратениците во Собранието за Предлог-буџетот за 2014 година и не верува во повторување на, како што рече, минатогодишното сценарио на опозицијата.
„Се разбира дека очекувам жестока дискусија. И тоа е добро. Затоа и буџетот се усвојува од страна на Парламентот, бидејќи тоа се средства од сите граѓани наменети за сите граѓани на Република Македонија. Сепак тука би истакнал дека плодотворна дискусија за буџетот и режирана амандманска блокада, која се случи минатата година, се две различни работи, Ставревски вели во интервју за Прес24.Истакнувајќи дека Предлог буџетот е изготвен четири месеци пред стартот на календарската и фискалната година, Ставрески оцени дека тоа им дава доволно време на пратениците да го разгледаат, како и да достават забелешки доколку имаат, во вид на амандмани Во врска со содржината за предложениот Буџетот за 2014, Ставрески оцени дека станува збор за еден од ретките Буџети со најголем процент на капитални инвестиции.„Вкупниот износ на капитални инвестиции е 22,5 милијарди денари и е за 20 проценти повеќе од оваа година. Нема да најдете држава во Европа што во една година ги зголемува капиталните инвестиции за 20 проценти, вели Ставревски за Прес24, побивајќи ги тезите на опозиционите експерти дека оваа власт не инвестира во инфраструктурата.„Во 2005 година капиталните инвестиции во патната и железничката инфраструктура изнесувале 2.251 милиони денари, а во 2013 година 8.496 милиони денари, додека во 2014 година се планирани 13.214 милиони денари. Значи ако споредите 2005 година и 2013 година капиталните инвестиции во инфраструктурата пораснале за 277 отсто, а ако споредбата се направи меѓу 2005 и 2014 година тогаш зборуваме фантастичен раст на капиталните инвестиции во инфраструктурата од 487 отсто, потенцира СтаврескиРесорниот министер уверува дека не постои никаков ризик од презадолженост, и децидно потенцира дека оваа Влада не планира и нема да зголеми ниту еден данок.„Денес државниот долг изнесува 33,6% од БДП, со што Македонија е во групата на умерено задолжени земји и четврта најмалку задолжена земја во Европа. Обврските на државата редовно се сервисираат и во таа насока на почетокот од годината беше исплатена еврообврзницата, како и други обврски по основ на билатерални и мултилатерални договори за заем. Цврсто сме убедени дека политиката на ниски даноци на долг рок ја зголемува конкурентноста на македонските компании, придонесува за развој на приватниот сектор и претприемништвото и е најефикасно средство за борба против сивата економија. Во тој контекст, ќе го одржиме ветувањето дека Владата нема да зголеми ниту еден данок, уверува министерот за финансии.Ставревски во интервјуто за Прес24, прави анализа и на странските директни инвестиции изминативе седум години, како и нивна споредба со владите на СДСМ, потенцирајќи дека критиките од опозицијата, дека странските компании ја заобиколуваат Македонија се неаргументирани.„Значи за 6,5 години ВМРО-ДПМНЕ успеа да донесе над една милијарда евра повеќе странски инвестиции во однос на тоа што го оствари СДСМ за цели 10 години! Дали некој памти или може да каже која странска инвестиција ја донесе СДСМ во Македонија? Не само што не донесе ниту една, туку ги избркаа Ауди, ИНГ банката од Холандија и уште неколку глобални брендови. А тоа се случи само заради корумпираност и заштита на интересите на лоби групи блиски до СДСМ“, вели вицепремиерот, Зоран Ставрески. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

