Економија
Волстрит журнал: САД стануваат најголем произведувач на нафта и гас во светот
Со огромната експлоатацијата на гас, но на прво место нафтата од шкрилците во последните две години, Соединетите американски држави до крајот на годината ќе станат најголем светски произведувач на нафта и гас во светот, престигнувајќи ги Русија и Саудиска Арабија, пишува „Волстрит журнал“.
Во првите шест месеци од оваа година, Русија произведувала во просек 10,8 милиони барели нафта дневно, 900.000 повеќе отколку САД, чие производство во истиот ден, изнесуваше 9,9 милиони барели на ден.
Просечното дневно производство на сурова нафта на Саудиска Арабија во првото полугодие од 2013 година изнесуваше 9,4 милиони барели.
Меѓутоа, судејќи по најновите тенденции силното производство на „црното злато“ во басенот Бакен во Северна Дакота и Игл Форд во Тексас од една страна и скромниот раст во Русија, САД ова лето веќе ја престигнаа Русија.
Според проценките на Меѓународната агенција за енергетика, до промени во челните позиции според производството на нафта нема да дојде пред 2017 година. Но истото сценарио ќе се случи и со производството на природен гас, смета „Волстрит журнал“, којшто тврди дека САД минатата година произвеле повеќе гас отколку Русија и тоа прв пат уште од 1982 година.
Според податоците на Агенцијата, американското производство на гас го надмина руското производство во 2009 година коешто тогаш поради економската криза било намалено за 12 отсто.
И покрај напорите во доставувањето на прецизните податоци за производство на количините на нафта и гас, потполна транспарентност и понатаму не е можна. Податоците за дневното производство може да варираат и до неколку десетици илјади барели, оцени американското Министерство за енергетика.
Без оглед на предвидувањата на рускиот „Гаспром“ дека претстои пукање на меурот на американскиот гас добиен од шкрилците, растот на производството на гас во САД е во корист на економијата на САД./крај/тј/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

