Економија
ММФ нема да бара нови мерки за штедење од Грција
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нема да бара нови мерки за буџетско штедење од Грција и нема да бара „недиференцирани“ кастрења на пензиите и платите, изјави во четвртокот извршната директорка на Фондот, Кристин Лагард
„Доколку новите мерки бидат потребни, можам да ви кажам само едни: тоа нема да биде во форма на нови буџетски мерки или општи или недиференцирани кастрења на платите и пензиите“, изјави лагард на прес-конференција во Вашингтон.
Тројката меѓународни доверители на Грција, (Меѓународниот монетарен фонд, европската комисија и Европската централна банка) спроведуваат нова ревизија на грчките финансии пред да решат дали ќе ја блокираат новата транша од помошта во рамките на планот за спасување одобрен на Атина во пролетта 2012 година поради кој грчката влада мора да спроведува дрстични мерки на штедење.
Кон крајот на септември годинава ММФ и ЕУ објавија „пауза“ во преговорите со грчката влада повикувајќи се на „технички“ причини. Лагард во врска со тоа изјави дека е „прерано“ за да може да се зборува за заклучоците од мисијата на ткн „тројка“, чии претставници ќе се вратат во Атина кон крајот на месецов. Според грчките медиуми, ММФ се подготвува да побара нови заштеди во износ од 6,7 милијарди евра до 2016 година.
Во врска со буџетот на Грција, Лагард рече дека ситуација „ќе биде подобра“ од предвидената и дека земјата ќе го оствари примерниот суфицит оваа година, без каматата на долговите. Лагард, исто така, рече дека нема „никаква причина“ да се сомнева дека Европејците, како што е и предвидено, ќе ја исплатат дополнителната помош за Грција о 2014 година за да го ублажи својот астрономски долг. Според ММФ, грчкиот јавен долг би требало во 2014 година малку да се намали и да изнесува 174 отсто од бруто домашниот производ (БДП)./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

