Економија
Рекордна цена на годишната продажба на розови дијаманти
Годишната продажба на розови дијаманти во 2013 година привлече рекорден број понуди поголеми од милион американски долари по дијамант, објави во понеделникот рударската компанија „Rio Tinto“, сопственик на австралискиот рудник Аргајл каде што се ископуваат повеќето розови дијаманти на планетата.
На купувачите и колекционерите во 2013 година им биле понудени 64 црвени, розови и сини дијаманти. Вака ретките дијаманти во ноја се нудат само еднаш годишно, а претходно беа изложувани во Сиднеј, Њујорк, Токио, Хонгконг и Перт за да можат заинтересираните да ја проценат нивната вредност.
„Argyle Phoenix“, дијамант од 1,56 карати, еден од трите црвени дијаманта понуден на „продажба годинава, а продаден е за малку повеќе од два милина американски долари на јувелир од Сингапур, со што стана најскапиот дијамант по карат изваден од рудникот Аргајле. Околу 90 отсто од розовите дијаманти во светот се ископани во рудникот Аргејл во Кимберли, и се во сопственост на компанијата „Rio Tinto“.
Дијамантот „Argyle Dauphine“, пак, со длабока розова боја до 2,51 карати, исто така е продаден по цена повисока од два милиона долара, а го купил Американец.
Цената на каратот на розов дијамант може да достигне 50 пати цена на бел дијамант. Експертите розовата боја ја објаснуваат со изложеност на силна топлина и висок притисок.
Во мај 2012 година, дијамантот „Марсовски розов“ (Martian Pink) стана најголемиот големи розов дијамант досега понуден на аукција и беше продаден за 17,4 милиони долари. Додека повеќето природни розови дијаманти имаат нијанси на виолетова, сива или портокалова боја, „Марсовски розовиот“ не покажува траги од секундарна боја. Марсовски розов“ е еден од двата најпознати розови дијаманти на светот. Вториот камен „Вилијамсон розов“ (Williamson Pink) од 24 карати е пронајден во 1947 година во Танзанија кој по брусењето бил свадбен подарок за британската кралица Елизабета Втора./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

