Економија
Компании од Словенија, Хрватска, Италија, Грција на Технома 2013
Oд 15. до 19. октомври 2013 година на Скопски саем ќе се одржува 39. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – ТЕХНОМА 2013.
Организирани национални претставувања кои ќе земат учество во Метрополис арената на Скопски саем се компании од соседна Грција – организирани преку ТИФ како и Thessaloniki International Fair и Регионалната комора од Солун, компании од Словенија – организирани преку Спирит, компании од Хрватска – организирани преку Хрватска занаетчиска комора и Стопанска Комора на Хрватска, компании од Бугарија – Проект за промоција на интернационализацијата на Бугарските компании, Агенцијата за промоција на мали и средни претпријатија и компании од Италија – организирани преку Дива Ерис, Консултантска агенција од Италија.
Технома останува да биде изложбен настан на кој еднаш во годината ќе се потегнат прашањата околу енергетиката, електрониката и воопшто прашањата на стопанството во таа насока. Речиси 40 години го следи развојот на индустриското стопанство во регионот, како и напредокот на најновите достигнувања во областа на технологијата и ја интензивира меѓународната размена. Дека оваа саемска манифестација му е потребна на стопанството, говори фактотот што целиот расположив изложбен простор на Скопски саем со површина од 12.000 m2 е ставен во функција. Зa регионалниот карактер потврда се групните учества од Италија, Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска.
Она што ќе издиференцира една компанија на пазарот е иновацијата. Затоа значителна вредност и збогатување на овој саем се Саемот за занаетчиство и мало стопанство и изложбата на пронајдоци – Макинова, организирана преку Народна Техника на Македонија и Спатум.
Дека енергетиката и нејзиното поефикасно и еколошко искористување е предизвик и во земјоделството говори фактот дека сè повеќе земјоделци се одлучуваат за алтернативна енергетика. Оваа година само сегмент поврзан со агромеханизацијата како зеднички дел од Агрофуд и Технома ќе биде изложен во дворот пред Управната зграда на Скопски Саем. Во истиот дух, и Прокредит банка ќе прогласи најпроактивен земјоделец, а еден од клучните фактори е користењето на алтернативна енергија во работењето.
Во рамките на Технома ќе има многу индивидуални презентации, организирани од самите учесници./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

