Економија
СДСМ: Казни од илјадници евра за малите дуќанчиња низ Македонија
Малите фирми, локалните дуќанчиња, продавнички, берберници, кафулиња деновиве на удар на Управата за јавни приходи, им се изрекуваат казни во илјадници евра, за кои може само да сонуваат да ги заработат, реагираат од опозициската СДСМ.
„Лица во грч на луѓе кои ги изгубиле минималните примања, бизнисот, прехраната на семејството. Тоа е реалната слика за тоа што се случува низ Македонија. Ќе посочиме неколку примери, од бројните дојави од граѓани и фирми од цела Македонија кои во очај се обраќаат до СДСМ. Според податоци од Централниот регистар Битола, во акција на УЈП спроведена во средината на минатиот месец се затворени 16 мали трговски субјекти. Според нашите информации од теренот, станува збор за авто- перални, книжари, дуќанчиња за ќерамика…мали фирми, со по еден-двајца вработени и управител. Некои проценки говорат дека сумата што Управата за јавни приходи ја касирала од казните за овие 16 фирми е фантастични 52 илјади евра?!“ изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Според нив, многу дуќани низ Македонија сами си ставиле клуч на врата од страв од владините измени во Законот за готовинско плаќање.
Се затвораат дуќани со по двајца тројца вработени низ цела Македонија, предупредува СДСМ.
Tие ветуваа дека ќе ги вратат назад прекршоците како правен инструмент за почитување на прописите, односно за спроведување на фискална дисциплина.
„Најпрво ќе се оди со опомена за сторен прекршок. Доколку биде повторено дело ќе се оди со пониски казни. Евентуално при повеќе пати повторено дело, ќе се спроведат високите казни. Ова е само сегмент од предвиденото во програмата на СДСМ, со којашто како што повеќе пати информиравме, целта е враќање на стабилната средна класа во општеството“ изјави Шилегов./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

