Економија
Ставрески:Извештајот на Дуинг Бизнис индикатор дека бизнис климата е на високо ниво
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изрази задоволство од последниот извештај на Дуинг Бизнис (Doing Business 2014), на кој Македонија повторно се најде меѓу десетте топ реформатори, а на глобалната листа е прва во поширокиот регион.
Според Ставрески, особено радува податокот што Македонија е подобро рангирана од дури 19 држави членки на Европската унија, меѓу кои Холандија, Австрија Белгија, Словенија и многу други.Тоа треба да претставува индикатор дека вкупниот амбиент за водење на бизнис во Македонија е навистина на високо ниво, вели Ставрески.„Се’ на се’ можеме да бидеме задоволни од остварувањето и од она што секоја година Македонија е меѓу топ десет реформатори, секоја година е најдобра во регионот, рече Ставрески.Тој потенцираше дека владата ги нотира и остварувањета во оние индикатори каде што има минимално влошување и каде што треба да се направат дополнителни напори за да има подобрување, како и оние индикаторите каде што веќе се остварени реформи и подобрување.Стручен тим од владата систематски на дневна основа работи на овие индикатори, ги детектираме најдобрите остварување во земјите кој што се на врвот на светот, гледаме што може да се примени во Македонија, а секако и преку праксата и контакти со бизнис заедницата настојуваме да собереме идеи и размислување како да се подобри ова веќе многу добро рангирање“, изјави Ставрески Република Македонија се наоѓа на петто место во групата земји кој што од 2005 година најмногу се реформирале, односно најмногу го затвориле јазот кој што го имаат развиените земји со добра бизнис клима и другите земји кој што имаат помалку добра бизнис клима. Македонија направила вкупно 31 реформа во наведениот период, посочи Ставрески.Извештајот за 2014 година прифаќа шест реформи во индикатори, од вкупно десет колку што опфаќа рангирањето и тоа се `најмногу од било кога година претходно, информираше вицепремиерот.Станува збор за областите добивање на градежни дозволи, регистрирање на имот, пристап до кредити, заштита на инвеститорите, пристап до електрична енергија и справување со солвентноста.Македонија е најдобро рангирана во областа пристап до кредити каде што е позиционирана на трето место, во однос на минатата година се забележува подобрување на рангот од 21 место, изјави Ставрески, додавајќи дека основната причина за тоа се законските измени на законот за договорен залог со кој што се обезбеди поголема флексибилност и сигурност во плаќањето на обврските кон доверителите.Поединечно, најдобро подобрување има кај индикаторот пристап до електрична енергија и тоа за 33 места од 109 на 76. Ова, според Ставрески, се должи на фактот што Македонија го олесни пристапот до електрична енергија преку намалување на времето потребно за добивање на нов приклучок и преку поставување на фиксни и пониски трошоци за добивање на приклучок.Значајно подобрување има и кај индикаторот заштита на инвеститорите каде што Македонија е рангирана на 16 место, што е подобрување на 16 места, што според Ставрески се должи на можноста акционерите да бараат поништување на трансакции со поврзани лица и заинтересирани страни и назначување на ревизор кој што ќе ги истражи можните нерегуларности во раководењето на компанијата. Подобрување има кај индикаторот справување со солвентноста каде што е намалено времетраењето на стечајните постапки, и кај индикаторот добивање на градежни дозволи, при што добивањето е намалено во потребно време за регистрирање на нов објект и намалување на трошоците, рече Ставрески .Кај индикаторот регистрирање на имот, Македонија има напредок за седум места што, како што рече Ставрески, се должи на намалување на времетраењето и трошокот за регистрирање на имот.Во извештајот Македонија е наведена како пример за регистрирање на имотот преку компјутеризација на процедурите. Позначајна реформа е и дигитализација на катастарот, наведе Ставрески.Тој истакна и дека три индикатори имаат незначително влошување и тоа за по две места,Се работи за категориите започнувањето на бизнис, плаќање даноци и кај прекугранична трговија. Ставрески појасни дека не станува збор за влошување на условите кои што ги нуди Македонија, туку дека некои други држави направиле поголеми реформи, како што е случајот со започнувањето на бизнис, односно ограничените можности за напредокот во областа прекугранична трговија, поради немањето на излез на море.Ставрески оцени дека во делот на решавањето на спорови има одредени резултати, но има и простор за подобрувањеОна што може да се направи е да се забрза постапката за решавање на споровите помеѓу фирмите, а,трошоците за фирмите да бидат пониски, рече Ставрески. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

