Економија
Работодавачите бараат квалификувани текстилци
Предизвик со кој се соочува текстилната индустрија е неквалификуваната работна сила, но исто така, главна пречка и предуслов за растот и развојот на малите и средни претпријатија се изворите на финансирање, беше речено на средбата во понеделник меѓу министерот за економија, Ваљон Сараќини и претставниците на текстилната индустрија и кластерот за текстил.
„Нашата стратешка определба е спроведување на континуирани, системски реформи, со цел создавање на предвидлива бизнис клима, подобрување на условите на делување на деловните субјекти, но и истовремено почитување на правата и обврските. Со креирањето и менувањето на законската регулатива нудиме можности за унапредување на условите за работа на деловните субјекти, но и заштита на правата и интересите на граѓаните, преку полесно почитување на законот, со што ќе овозможиме отстранување на аномалиите кои можат да се појават“, рече Сараќини.
Додаде дека Министерството за економија континуирано го поддржува кластерот за текстил во делот на истражување на пазарот, развојот на човечки ресурси и технолошки развој, поради што Владата обезбеди поволни кредити преку Европска инвестициона банка во вредност од 12 милиони евра, но исто така и учество на саеми на текстилните компании, Б2Б средби како и обуки од страна на домашни и странски компании.
„Еден од предизвиците со кои се соочува текстилната индустрија се неквалификуваната работна сила, но исто така, главна пречка и предуслов за растот и развојот на малите и средни претпријатија се изворите на финансирање“, истакна Блерим Златку, државен советник во Министерството за економија, додавајќи дека пристапот до финансии претставува генерален проблем за сите претпријатија, без разлика на нивната големина, поради што се предлага креирање на посебна програма за таа цел.
Подоследно применување на законските решенија и работата на инспекциските служби, подигнување на образовното ниво на работната сила, промовирање и поддршка на континуирани обуки на работниците во непосредното производство и менаџментот, подобрувањето на условите за работа во текстилните компании, зголемувањето на нивото на платите, почитувањето на законските прописи од областа на трудот, посебно од аспект на почитување на работното време, исплатата на платите и уплата на придонесите и мерките за намалување на сивата економија се главните приоритети во наредниот период.
Маријана Велкова, претседател на Кластерот за текстил, поздравувајќи ја можноста за директно презентирање на предизвиците со кои се соочува текстилната индустрија во моментот, потенцира дека во поглед на неквалификуваната работна сила, исчекор може да се направи во правец на едукација на кадри во моделирање, но исто така, потребна е и автоматизација и модернизација на текстилната индустрија.
Инаку, текстилната индустрија во Република Македонија е сектор со долга традиција и искуство. Околу 1.000 активни друштва со околу 40.000 работници или 42 отсто од вкупните вработени во македонската индустријата, се во оваа индустрија.Текстилната индустрија учествува со 2,04 отсто во БДП, или во делот од БДП на преработувачката индустрија со 8,02 отсто.
„Како министер за економија од текстилните компании побарав да бидат поконкурентни и поиновативни на странските пазари, да го подобрат имиџот и да организираат практична настава за студентите“, рече Сараќини.
Текстилната индустрија ја покрива целата територија на Република Македонија, со значителна концентрација во источниот дел на земјата. Текстилното производство во Македонија е целосно адаптирано на пазарните услови наметнати од западно европските земји. Ова значи дека строго ги исполнува стандардите за квалитет, крајни рокови за достава и комплетна логистика кои што се барани од странските партнери. Најголем дел од компаниите во текстилната индустрија во Македонија се организирани во мали и средни претпријатија, со вкупен број на вработени од 10 до 500.
Овој факт е позитивен, бидејќи овозможува голема флексибилност за компаниите од аспект на промена на опсегот, производството на мали серии и краток период на достава на финалниот производ. Ова е клучен фактор за успешна соработка со странски партнери и за опстанок на оваа гранка, која е под постојан притисок на конкуренцијата и законите на пазарот.
Македонското текстилно производство е главно ориентирано кон извоз, најмногу на ЕУ пазарот, или во бројки 519 мил. евра во 2012 год. или учество од 16,% во вкупниот извоз од Република Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

