Економија
Промовирана физибилити студија и веб страница за малите ХЕЦ
Физибилити студијата за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи промовирана е во понеделникот во Скопје.
Студијата ги содржи сите потребни информации од економска, правна, финансиска и техничка анализа, со препораки и заклучоци за 80 локации за кои Министерството за животна средина и просторно планирање треба да даде концесија.Истовремено претставена е и веб-страницата, преку која ќе се обезбеди транспарентност во реализацијата на активностите, како и навремено и објективно информирање на граѓаните, инвеститорите и сите заинтересирани страни.„Ја имаме предвид атрактивноста на локациите, како и подобрување на условите за инвестирање во малите хидроелектрични централи, што е предуслов за успешност на целиот проект“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.Тој истакна дека од проектот ќе произлезат повеќе економски бенефити: зголемено производство и намалување на потребата од увоз на електрична енергија; намалување на емисија на стакленички гасови и придвижување на локалната економија. Според министерот Адеми, од особена важност е да се истражат и понудат најоптимални решенија. За таа цел, врз основа на наодите од физибилити студијата, се разгледуваат можностите за групирање на одредени локации по водотеци, можностите за промена на повластените тарифи за произведена електрична енергија, како и за изменување и дополнување на мрежните правила и поедноставен приклучок во електричната мрежа на Македонија.Од економска гледна точка, инвестициските трошоци потребни за реализирање на сите 80 МХЕЦ се проценети на ~176 милиони евра, а вкупната инсталирана моќност е проценета на ~63 MW (мега вати).Се очекува вкупното производство на електрична енергија, доколку се реализираат сите 80 МХЕЦ, да изнесува ~226 GWh (гига ват часови).Веб страницата за мали хидроцентрали, која овозможува поедноставен и полесен пристап до сите потребни информации поврзани со проектот, вклучувајќи ја и физибилити студијата, е вградена во сајтот на МЖСПП. Веб порталот, тендерската документација и моделот на договорот за концесија се реализира како резултат на соработката на МЖСПП и Интернационалната финансиска корпорација (IFC). Оваа корпорација е најголемата глобална развојна институција членка на групацијата Светска Банка, која е фокусирана исклучиво на поддршка приватниот сектор (http://www.ifc.org).До средината на следниот месец, согласно Планот и Стратегијата и согласно сите подготвителни активности, Министерството ќе објави пакети на мали хидроелектрични централи. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

