Економија
Македонски менаџери ќе одат на обуки во странство
Откако Владата реши да донесе странски експерти за потребите на домашните компании, сега одлучи и македонски менаџери да одат на практична обука која ќе се спроведува во странски компании, проект со кој ќе бидат опфатени 150 менаџери на компании од Македонија.
Проектот „Топ менаџмент“ опфаќа реализација на теоретска и на практична обука на домашните менаџери за најсовремените менаџмент стандарди и принципи и нивна имплементација.
Досега во овој проект се реализирани два циклуса, во коишто по сто менаџери по циклус, значи вкупно двесте менаџери во двата циклуса кои се пријавија на претходните јавно објавени конкурси, ја поминаа теоретската обука во целост.
Од овие вкупно 200 менаџери кои ја поминаа теоретската обука, веќе четириесетина од нив поминаа и практична обука во компании во Словенија и во Германија.
„Она што сакаме да информираме дека од почетокот на 2014 година ќе започнат процедурите за реализација на практичната обука на останатите околу сто ипедесет од овие 200 менаџери кои беа опфатени преку проектот ‘Топ менаџмент’. Овие околу сто ипедесет менаџери веќе ја имаат поминато теоретската обука која опфаќа планирање, изработка на бизнис планови, лидерство, стратешко планирање, организација, вмрежување на бизниси и слично… Тие доаѓаат од компании од разни области на економијата како што се металопреработувачка индустрија, информатика, трговија, земјоделство, сметководство, прехранбена индустрија, туризам, консалтинг, шпедиција и слично“, рече портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Домашните менаџери ќе посетуваат практична работа во компании од Германија, Холандија и Велика Британија и други земји, во компании кои имаат иста дејност како компанијата која ја раководи домашниот менаџер во дејноста.
Практичната обука во компании во странската земја ќе биде во траење од три или четири недели, а менаџерот ќе работи со ментор од странската компанија и по завршувањето на обуката ќе има обврска да поднесе извештај и презентација пред другите колеги од проектот.
Странска консултантска куќа ќе биде носител на активностите од процесот и ќе има обврска да најде компании во странски земји каде што домашните менаџери ќе ја реализираат практичната обука, да обезбедат ментор од тие компании и логистика за менаџерите.
Владата ќе покрива најголем дел од трошоците, особено главниот трошок за плаќањето на надоместок кон странската компанија за таа да го прими домашниот менаџер, да му обезбеди ментор, да му обезбеди вклучување во процесот и практична обука, и ќе покрива дел од режиските трошоци согласно договорот со домашниот менаџер, а ќе постои и партиципативен надоместок од страна на менаџерот во висина која ќе се договори меѓусебно со Владата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

