Економија
Во штрајкот на полицијата во Аргентина продавниците ограбени за 50 млн долари
Според првичните процени, штетите од масовните грабежи на продавниците во аргентинската провинција Кордоба, коишто се случија во времето на неодамнешниот штрајк на полицијата, надминуваат 313 милиони пезоси, или околу 50 милиони американски долари, објави Аргентинската конфедерација на средниот бизнис – Came.
На почетокот од седмицава, огромно мнозинство од 22-те илјади полицајци во провинцијата Кордоба прогласија штрајк, незадоволни од висината на нивните плати и социјални бенефиции. Во тој период на улиците останаа само неколку десетици припадници на еден од елитните оддели на специјалните сили. Користејќи го отсуството на полицијата и редовните патроли, стотици криминалци почнаа да ги пустошат супермаркетите и малите продавници, и според последните податоци целосно биле ограбени околу илјади продавници, од кои 40 супермаркети. Притоа животите ги загубиле најмалку две лица а околу 60 се повредени, и уапсени се стотина крадци. Во средата, откако на преговорите со владата на провинцијата беше постигнат компромис, полицајците се вратија на вообичаеното патролирање по улиците.
Според здружението Came, презентираните податоци ја вклучуваат само директната штета од грабежот на стоките и вандализмот, но во многу случаи сѐ уште не се прецизирани трошоците за поправките и индиректните трошоци од принудното затворање на објектите. „Откако ќе се пресметаат трошоците за поправките и обновување на стоковите резерви, податоците за штетите ќе се зголемат“, изјавиле претставници на Came. Според податоците на Трговската комора на Кордоба (Fedecom), 99 отсто од сите трговски претпријатија во провинцијата не биле осигурени од ваков вид опасности.
Поттикнати од неодамнешниот штрајк на полицијата во провинцијата Кордоба, намера за слични демонстрации на своето незадоволство најавија и ораните на редот и безбедноста и во други аргентински провинции. Гувернерот на провинцијата Санта Фе се обрати до федералните власти за помош, по што централната влада реши во оваа провинција да испрати две илјади припадници на федералните безбедносни сили. Притоа, централната власт соопшти дека обезбедувањето на безбедноста на граѓаните, како и социјалната сигурност на припадниците на полицијата е во исклучива надлежност на локалните власти./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

