Економија
Обама: Пакетот договори на СТО може да донесе стотици милијарди долари
Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави во неделата усвоениот пакет договори на конференција што се одржа на Бали на Светската трговска организација (СТО – WTO), првиот од 1995 година.
„Според некои процени, глобалната економска вредност на новиот договор на СТО б можела да достигне стотици милијарди долари“, рече Обама. Според американскиот претседател, ова е првиот вистински мултилатерален договор во дваесетгодишната историјата на СТО.
„Овој нов договор, особено Спогодбата за олеснување на трговијата, ги елиминира бирократските пречки и задржување на стоките кои одат во целиот свет. Меѓу добитниците од него се малите бизниси, кои се соочуваат со најголемите тешкотии при справувањето со сложеноста на сегашниот систем“, додаде Обама. Според него, договор ќе помогне да се „заживее“ мултилатералниот трговски систем, кој обезбедува работни масти за милиони Американци.
Светската трговска организација на конференцијата на индонезискиот остров Бали постигна договор за реформа на глобалниот трговски договор, прва во својата историја, кои може да ја зајакне светската економија за речиси 1.000 милијарди американски долари. Договор уште мора да го одобрат владите на сите земји членки на СТО.
„Првпат во нашата историја, СТО ги даде вистинските резултати. Овојпат го обедини целото членство. Светот го вративме назад во Светската трговска организација“, изјави челникот на СТО, Роберто Азеведо, кој во петокот ноќта по локално време им се обрати на веќе исцрпените министри откако преговорите започнати во вторникот и планирани да траат до четвртокот, беа продолжени за уште 24 часа.
Постигнатиот договор, е клучен за 159-те земји членки на СТО и претставува прв глобален трговски договор од основањето на оваа организација во 1959 година. Постигнатиот договор треба да ја обнови довербата во способноста на оваа организација а ги намали царинските препреки во светската трговија, по 12 години јалови дискусии. Договорот, несомнено, ќе ги намали трговски бариери и ќе го забрза протокот на стоките преку царините.
Американскиот Институт за меѓународната економија проценува дека овој глобален договор би можел да влее во светската економија 960 милијарди американски долари, и ќе резултира со отворање на 21 милион работни места, од што 18 милиони работни места во земјите во развој.
Договорот овозможува и намалување на бирократијата на царините во целиот свет, подобрување на условите за тргување на најсиромашните земјите, а за земјите во развој да ги заобиколат „нормалните“ правила за земјоделските субвенции додека се обидуваат да ги нахранат сиромашните.
Состанокот на Бали ќе остане запаметен и по тоа што немаше овојпат никакви протести против СТО, за разлика од силниот министерски состанок што се одржа во американски Сиетл пред 14 години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

