Економија
СБ: Закрепнување во југоисточна Европа е бавно, предизвиците остануваат
Шест држави на југоисточна европа во првата половина од годината излегоа од рецесија, што пред се должи на зголемување на извозот, објави во понеделникот Светската банка (СБ), во годишниот извештај кој се однесува на Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.
Извештајот во Тирана го претстави Галина Винцелете, водечка економистка на СБ преку видеоконеференција.Во извештајот се наведува дека просечниот раст на реалниот доход во ечсте драви од негативни 0,7 отсто во 2012 година е зголемен на 1,8 отсто, во рпвата половоина на годината.Според извештајот Македонија во однос на економскиот раст е на прво место во регионот со сотаврена стапка од 3,4 отсто и доста добро напредува На наведените шест држави во прилог им одел економското закрепнување на државоит ечленки на еврозоната, значителниот раст на земјоделското производство и намалениот инфлаторен притисок.„Закрепнувањето особено е поттикнато од извозот на различни производи“, рече Винцелете.Извештајот сепак уште еднаш укажува на познатите слабости на економијата на регионот. Одржливоста на постигнатиот раст на извозот останува под знак на прашање поради намалената извозна база на регионот, но и проблемите со конкурентноста.Ниската куповна моќ на населението во шестте држави влијае и на слабоста на домашната побарувачка, а сето тоа е условено со високата невработеност.Во заклучок на извештајот на СБ се прогнозира дека вкупниот економски раст за целата година на ниво на шестте држави во просек би изнесувал 1,8 отсто, наместо претходно прогнозираните 2,7 отсто., со тоа што се очекува најбавен раст да има БиХ, а најбрз Косово. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

