Економија
Околу 30 милијарди евра ќе се потрошат во следните 10 години за регионални енергетски проекти
Во следните десет години се планира да се потрошат 30 милијарди евра за енергетски проекти во нашиот регион.
„Од одлуките на владите ќе зависи колку нам, на граѓаните, ќе ни бидат топли домовите, колку ќе бидат безбедни и сигурни енергетските проекти во нашата земја, колку ќе биде чист или загаден воздухот што го дишеме“, потсетуваат граѓанските организации Аналитика, Екосвест и Фронт 21/42.
Значењето на изборите на енергетските проекти, кои ќе мора да се направат во следниве неколку години, е огромно – нивните последици (позитивни или негативни) граѓаните долго ќе ги чувствуваат и живеат.
Поаѓајќи од ова граѓанските здруженија во регионот изработија извештај под наслов „Топла, безбедна, чиста енергија – Кој е патот кој го одбира Југоисточна Европа?“. Извештајот дава приказ на перформансот на владите во регионот споредени едни со други, како и во однос на состојбата и целите на Европската Унија.
„Со над 60% од вкупната електрична енергија произведена од јаглен Македонија е речиси на дното во категоријата „Валкана електрична енергија“. Србија е многу блиску до нас, а само во Косово јагленот учествува со многу повисок процент во вкупниот енергетски микс. Во категоријата „Енергетски интензитет“ дното го делиме со Србија. Тоа значи дека за производство на еден ист производ ние трошиме и до 4 пати повеќе енергија одколку во Европската унија. Ова има огромно негативно влијание врз конкурентноста на нашето производство“, рече Искра Стојковска од Фронт 21/42, претставувајќи ги заклучоците од извештајот.
Плановите во категоријата „Енергетска ефикасност“ се далеку под европските цели (9% наспроти 20%) во сите земји во регионот, освен во Хрватска.
„За граѓаните, ова е веројатно најважната категорија – енергетската ефикасност носи поголема вредност за сметките за потрошена енергија. Енергетски ефикасните домови, болници и училиштата се затоплуваат со помалку пари. 1000 пати е поделотворно да се заштеди една единица енергија, отколку да се произведе нова“, истакнаа здруженијата на денешниот настан.
Работите не се многу подобри ниту во категоријата „Произведена електрична енергија од сонце и ветер“. Македонија, како и речиси сите земји од регионот, во 2010 воопшто не ги искористила своите потенцијали за чиста енергија.
Само во категоријата „Губитоци и кражба на енергија“ Македонија котира подобро во однос на повеќето земји од регионот и ЕУ. Според здруженијата тоа не значи дека не треба да се спроведуваат енергични мерки за намалување на сите губитоци и кражби. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

