Економија
ЕУ: договорена директива според која банките нема да ги спасуваат даночните обврзници
Преговарачите на Европскиот парламент и државите членки на Европската унија постигнаа договор за директивата за спасување и санација на банките, според којашто трошоците банки со тешкотии во прв ред ќе паднат врз нивните акционери и доверители, а не даночните обврзници.
„Го поздравувам договорот кој беше постигнат ноќеска меѓу Европскиот парламент и земјите членки (на ЕУ). Тоа претставува решителен чекор кон довршувањето на банкарската унија“, изјави во четвртокот комесарот за внатрешен пазар и финансиски услуги Мишел Барние.
Овој закон кој ќе се применува во сите 28 земји членки претставува главен дел од законската регулатива на којашто во Европската унија се работи за да се извлечат поуките од финансиската и должничката криза. Единствен механизам за санација на банките, за којшто сега се преговара, ќе биде задолжен за спроведување на овие правила во контекст на банкарската унија.
Директивата предвидува при спасување на банките од банкрот да се пристапи најнапред кон внатрешното спасување ткн „bail-in“, што значи дека трошоците, пред сé, ќе падната на товар на акционерите и доверителите на банките, за разлика од надворешното спасување „bail-out“, кога банките се спасувани со парите од државните буџети поради што земјите членки на ЕУ имаат големи буџетски дефицити. Директивата, исто така, предвидува и се осигурени банкарските депозити до износ од 100 илјади евра, а поголемите износи исто така ќе може да се употребуваат за спасување на банките, но дури откако ќе бидат исцрпени сите други можности.
Системот „bail-in“ќе почне да се применува од почетокот на 2016 година. Државите членки на Европската унија ќе мора да воспостават национални фондови за спасување на банките, коишто ќе ги финансираат самите банки. Во рок од десет години тие фондови би требало да имаа на располагање 1 процент од износот од осигурените банкарски депозити.
Постигнатиот договор треба уште да се доврши на техничко ниво и потребно е формално да го прифати Советот на ЕЅ и Европскиот парламент на пленарна седница./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

