Економија
Обложувалниците реагираат на предлог законот за измени и дополнувања на Законот за персонален данок на доход
Најавените измени и дополнувања во Законот за персоналниот данок на доход кои во моментов се во собраниска процедура, во фаза на поминато Второ читање кај матичната собраниска комисија, не се компатибилни со европските прописи особено во делот за организирањето игри на среќа и ќе доведе до намалување на приливот во Буџетот, реагираа во четвртокот од Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).
„Најновите измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход кои уредуваат да посебните игри на среќа немаат праг на ослободување од данок на добивка, односно секоја поединечна добивка да се оданочува со 10 отсто од вредноста на исплатата, не се во согласност со реалното работење на спортските обложувалници и ќе резултираат со намалување на изборот и задоволството на играчите на игри на среќа во земјата, а индикативно ќе предизвикаат намалување на приходите кај организаторите на игри на среќа, отпуштање на вработени и крајно намалени приливи во Буџетот на Република Македонија“, се вели во реакцијата на Асоцијација на спортски о обложувалници (АСОМ) при што се додава дека предлозите се некомпатибилни со европското законодавство и начелата за заштита од монополска позиција
Според АСОМ, предложените измени во член 54 и член 55 согласно предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход претставуваат „негативен преседан во европската правна практика“ и истовремено, со новиот предлог закон „директно се кршат основните правила на Лисабонскиот договор кој е неофицијален устав на Европската унија, како и многуте директиви на ЕУ кои изразито забрануваат двојно оданочување и нерамноправна – монополска позиција“ на една група во однос на друга.
„Ваквите промени, директно ќе влијаат врз намалувањето на обемот на работата во индустријата на игрите на среќа во Република Македонија, а со тоа и врз намалување на буџетските приходи по овој основ“, истакнаа во четвртокот од АСОМ.
Посочуваат дека европско законодавство ги применува начините на оданочување на добивката од игри на среќа, на пример, кај поголем број држави, кога се оданочува добивката, се применува оданочување на износот на добивката над одредена сума. Таа сума не е мала и се движи од 500 евра па нагоре, а најчестиот праг за оданочување на добивката е помеѓу 3.000 и 4.000 евра, бидејќи тоа е реално најниската сума која претставува вистинска добивка од овој тип игри на среќа.
Во помал број држави, пак, добивките од игри на среќа над одреден износ влегуваат во вкупната сума за годишно оданочување на заработувачката на поединецот, а износите кои влегуваат во таа сума се движат од 3.000 евра па нагоре.
„Овие решенија не се случајни туку до нив се дошло преку истражувања: кој модел e најповолен за буџетот на државата. Искуствено, индустријата на игри на среќа секаде во светот егзистира на принципот на голем број на мали влогови и голем број на мали исплати, така да секое, па и минимално оданочување на малите добивки го демотивира повторното играње. Тоа практично значи ‘забрана’ за организирање игри на среќа, бидејќи ја прави бесмислена играта на малите играчи кои преку оданочувањето на малите добивки губат и кога добиваат“, велат од Асоцијацијата во којашто чно секој граѓанин полнолетен на РМ и секое правно лице коешто има одобрение или лиценца за посебни игри на среќа во обложувалница како што се Спорт Лајф, Бет Сит Балкан, Моцарт и други./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.
Економија
Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка
Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство.
Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ поголема потреба за извршување секојдневни онлајн купопродажби, а со тоа и плаќања преку интернет, заради нивната брзина и практичност, се зголемува и потребата од повисоко ниво на безбедност. Дигиталните напади и обидите за злоупотреба на податоците од картичките стануваат сѐ почести, па затоа се воведува дополнителна проверка на идентитетот на лицето кое го врши плаќањето, велат од Народната банка.
Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката, којашто се инсталира на мобилен телефон и му овозможува безбедно да ги следи своите сметки и да одобрува плаќања. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање на лице. Без оваа потврда, плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи. Таа се воведува постепено во земјава и веќе е во примена при извршувањето онлајн увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршувањето плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство. Со примената на засилената автентикација и при извршувањето на плаќањата преку интернет, од 1 март 2026 година, се заокружува процесот на усогласување со правилата и стандардите што се применуваат во Европската Унија за безбедно извршување онлајн плаќања.
Со оваа промена се зајакнува довербата во дигиталните плаќања и се унапредува заштитата на корисниците, се додава во соопштението на Народната банка.

