Економија
Во ЕУ годишната инфлација во ноември еден отсто
Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната изнесувала 0,9 отсто во ноември 2013 година, додека во Европската унија изнесувала еден процент, според првичната процена според показателите на европската агенција за статистика Eurostat.
Најновите показатели, така, укажуваат на благо забрзување на растот на потрошувачките цени на годишно ниво, имајќи предвид дека во октомври годишната стапка на инфлацијата во 17-члената еврозона изнесуваше 0,7 отсто, додека во 28-члената Европска унија – 0,9 отсто, соопштија од Eurostat, Меѓутоа, притоа се нагласува дека до објавувањето на извештајот не биле достапни податоците од Велика Британија.
На месечно ниво, потрошувачките цени во еврозоната и во ЕУ во целина, пак, се намалени за 0,1 отсто, според прелиминарните податоци. Новите податоци укажуваат на значително забавување на растот на цените на годишно ниво во изминатата година, како во еврозоната, така и во ЕУ. Во ноември,2012 година, имено инфлацијата изнесуваше 2,2 отсто во еврозоната и 2,4 отсто во ЕУ.
Во споредба со претходниот месец,октомври, годишната стапка на инфлација е намалена во 11 земји членки на Европската унија, останала непроменета во три, додека е зголемена во 13 држави
Во ноември, најниска годишна инфлација имала Грција од минус 2,9 отсто, а следат Бугарија и Кипар со пад на цените од 1,0 односно 0,8 отсто во однос на истиот период минатата 2012 година.
Од друга страна, пак, највисоката стапка на инфлација во споменатиот период е забележана во Естонија, од 2,1 отсто, во Финска – 1, проценти и во Германија од 1,6 отсто.
Најниските просечни стапки на инфлација во 12-месечниот период заклучно со ноември 2013 година се забележани во Грција, од минус 0,7 отсто, Латвија 0,3 и Шведска од 0,5 отсто. Наспроти нив, највисоки просечни годишни стапки имaлe Романија и Естонија,м од 3,5 односно 3,4 отсто, како и Хрватска и Холандија од по 2,7 отсто.
Во 28-те земји на ЕУ прелиминарната просечна годишна стапка на инфлацијата во разгледуваниот период изнесувала 1,6 отсто, а во еврозоната 1,5 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

