Контакт

Економија

Јапонската економија умерено закрепнува

Објавено пред

Јапонската централна банка (BoJ) отстапи во петокот од воведување на нови потикнувачки мерки, искажувајќи отпимистички ставови за „умерено закрепнување“ на економијата во контекст на настојување на владата да поттикне инфлација.

BoJ се откажа од новите мерки и покрај острото забавување на растот во периодот од јули до септември, во кој повторно ја поттикна загриженоста за силината на закрепнувањето на третата по големина економија на светот и ги поттикна шпекулациите дека централната банка ќе ја зголеми програмата за откуп на обврзници.„Јапонската економија умерено закрепнува“ , се вели во соопштението на BoJ, додавајќи дека по се изгледа очекувањата за инфлацијата во целина зајакнуваат“.Сузбивањето на повеќегодишната дефлација е клучна цел на централната банка, која цели кон поттикнување на инфлацијата на два отсто во наредните две години, иако аналитичарите се повеќе се сомневаат во остварување на зацртаниот рок. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Се укинува Законот за трговија на зелените пазари

Објавено пред

На денешната седница Владата го усвои предлог-законот за престанување на важноста на Законот за трговија на зелени пазари. Потребата за донесување на овој закон со кој престанува да важи Законот за трговија на зелените пазари е предизвикана од неисполнувањето на очекувањата утврдени во одредбите на Законот за трговија на зелените пазари кои предизвикаа социјални, даночни и фискални последици за трговците на зелените пазари. Како резултат на реакциите од страна на граѓаните што на пазарите вршат трговија на мало, Владата донесе нов закон за да престане со важност Законот за трговија на зелени пазари.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Бектеши: Законот за трговија на зелените пазари ќе престане да важи, се изготвува нов

Објавено пред

Владата го усвои предлог-законот за престанување на важноста на Законот за трговија на зелените пазари. Како што изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, законот за трговија беше предложен од група пратеници во Собранието и донесен минатата година, а имаше одложено дејство на примена од почетокот на следната година.

„При предлагањето и донесувањето на овој закон Министерството за економија не беше воопшто консултирано. Министерството за економија, врз основа на направените анализи, компаративни советувања и процени, констатира дека досегашното искуство покажува оти одредбите од Законот за трговија на зелените пазари не се применуваат, односно анализата на овие одредби покажа дека натамошната примена на овој закон би довела до социјални, економски и фискални последици врз продавачите на зелените пазари, што генерално ќе се одрази на целокупниот систем според кој функционираат зелените пазари од аспект на нивната трговија поради што се оцени дека е потребно овој закон да престане со важност“, потенцира Бектеши.

За таа цел, како што информира министерот, Министерството за економија уште во ноември годинава достави мислење со кое ја информира Владата дека како орган надлежен за уредување на оваа област и носител на регулативата, активно ја следеше состојбата во периодот од донесувањето на овој закон, па сè до денеска, по што врз основа на направените анализи е оценето дека е потребно престанување со важност на примена на овој закон со оглед што тој не даде позитивни законски решенија во периодот на неговото донесување и применување.

„Ова законско решение предизвика големи незадоволства и негативни реакции од самите фактори – учесници во трговијата на зелените пазари. Потребата за донесување на овој закон, со кој престанува да важи Законот за трговија на зелените пазари, е предизвикана од неможност да бидат исполнети условите утврдени во одредбите на Законот за трговија на зелените пазари. Притоа се констатира дека пропишаните услови предизвикуваат негативни реакции од страна на лицата што на овие пазари се јавуваат како трговци на зелени пазари што вршат трговија на мало на тезги и пазари, кои посочија дека натамошната примена на овој закон ќе предизвика социјални, даночни и фискални последици врз нив, што ќе се одрази на поширок сегмент засегнати граѓани, односно кај трговците на зелените пазари, коморите на трговците, организаторите на пазарите и државните институции што треба да го имплементираат законот“, изјави Бектеши.

Бектеши информира дека во моментот Министерството за економија работи на ново законско решение, кое ќе треба да биде донесено в година, со кое ќе се уреди оваа тематика, а за неговото изготвување се прават консултации со сите засегнати страни.

Прикажи повеќе...

Економија

МТСП: Компаниите да им исплатат К15 на вработените

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со законот и со колективниот договор, меѓу кои е и исплатата на К15 до крајот на годината.

„Исплатата на регресот за годишен одмор (К15) е право утврдено со спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Во спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец“, потсетуваат од Министерството.

Од таму ги повикуваат работниците неисплатата на К15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд – 15 131.

„Напоменуваме дека во случаите каде што ќе се утврди дека не е постапено во согласност со Законот и колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки во согласност со законот“, велат од МТСП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија9 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет10 часа

Писателот Хандке ја прими Нобеловата награда, додека пред зградата во Стокхолм се одржуваа протести

Австрискиот писател Питер Хандке вечерва ја доби Нобеловата награда за литература во Стокхолм, додека пред зградата се одржува протест. Овогодишниот...

Свет11 час

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион11 час

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија15 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија16 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија17 часа

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија17 часа

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија18 часа

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија18 часа

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија18 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет19 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет19 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет19 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет20 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион1 ден

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ2 дена

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија2 дена

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Досие