Контакт

Економија

Царинската управа доби сертификат за квалитет ISO 9001:2008

Објавено пред

Царинска управа на Република Македонија во четвртокот објави дека се стекна со ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет што претставува значаен стандард за квалитет во работењето на институцијата.

Очекувани придобивки од воведувањето на стандардот покрај зголемување на нивото на задоволство на корисниците на услугите и на вработените, се и подобрена изведба на услугите со стекнување на деловната доверба кај постоечките или потенцијалните корисници.Процесот за воведување ISO 9001:2008 стандардот за квалитет започна со имплементација од јуни 2012 година како дел од постојаните напори за реформа на Царинската управа и подобрување на нејзината ефикасност и ефективност.Во периодот од 10-13 декември 2013 година во Царинската управа, од страна на меѓународното сертификационо тело TÜV NORD Бугарија беа спроведени сертификациски проверки на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2008. По спроведените проверки Царинската управа доби потврда за усогласеноста со барањата на стандардот за управување со квалитет, што истовремено значи и потврда на сите процеси и постапки кои што ги врши Царинската управа како и услугите кои ги дава и ги нуди. ISO 9001:2008 е меѓународен консензус на добри практики за правилно управување со квалитет, се состои од стандарди и прирачници во врска со системите за управување со квалитет и соодветните стандарди за поддршка. Определбата за сертификација на систем за управување со квалитет согласно ISO 9001 од страна на акредитирано сертифициско тело ја покажува посветеноста на Царинската управа кон квалитетот, корисниците и клиентите. Предноста од воведувањето на ISO стандардот е тоа што ќе се примени принцип на работа, со што се зголемува квалитетот на услугите кои институцијата ги нуди кон граѓаните. Признавањето на воспоставените процедури, стандардизирани согласно меѓународната сертификација е доказ за способноста на Царинска управа за доследно исполнување на барањата на корисниците на нејзините услуги, согласно законските регулаторни барања, со единствена цел за зголемување на задоволство кај истите преку ефективна примена на системот за управување со квалитет. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Николовски: Големата искористеност на ИПАРД 2 е доказ за успешните земјоделски политики

Објавено пред

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на Тиквешкиот Регион каде се сретна со граѓани, земјоделци, фармери и лозари.

Во изјава за медиумите Николовски рече дека последен доказ за успешноста на земјоделските политики на СДСМ е целосната искористеност на ИПАРД 2-програмата.

„За првпат нашата земја Република Северна Македонија е лидер во искористеноста на ИПАРД, за првпат не ги враќаме назад парите кои ни се ставени на располагање. Со олеснети административни процедури, со едукација, со олеснет пристап до фондовите и зголемен број повици, се создадоа услови за првпат државата да не ги враќа парите назад. Напротив, 99 отсто од целокупниот износ за годината е исплатен, станува збор за неповратни средства од околу 12 милиони евра кои се веќе исплатени кон земјоделците. Вкупно во целиот период на ИПАРД 2 се склучени вкупно околу 1.500 договори во вредност од околу 32 милиони евра. Тоа ни дава за право да веруваме дека засилената искористеност на фондовите ќе продолжи и во иднина“, посочи генералниот секретар Николовски.

Осврнувајќи се на мерките битни за лозарите и винопроизводителите, Николовски истакна дека Владата предводена од СДСМ вреши и еден долгогодишен проблем со предаденото а неплатено грозје од страна на винарниците „Повардарие“ и „Стефани“, а преку измените на Законот за вино, обезбеди подобри услови за малите винарии.

„Донесовме посебен закон со кој исплативме 2.048 лозари кои конечно ги добија парите за предаденото грозје, а со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој опфатени се и оние 680 лозари кои не беа опфатени претходно и сега проблемот со долговите е целосно надминат. Во овие две и пол години носевме закони кои се во интерес на земјоделците и граѓаните. Во таа насока беа и измените на Законот за вино со кој дополнително ги поттикнавме малите винарници многу полесно да ја вршат својата дејност. Досега, сите мали винарници, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно мораа да имаат вработен енолог, а сега со измените еден енолог може да биде ангажиран од повеќе винарници“, истакна Николовски.

Во изјавата Николовски најави и скора реализација на целосно модернизирање на системот за наводнување во селото Пепелиште.

Прикажи повеќе...

Економија

Склучен меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за заштита на конкуренцијата

Објавено пред

Народната банка и Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) склучија меморандум за соработка насочен кон унапредување на размената на податоци и информации поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор.

Како што беше истакнато на денешната средба на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на КЗК, Владимир Наумовски, натамошното ефективно јакнење на конкуренцијата во оваа сфера би довело до подобри услови за корпоративниот сектор и за населението како корисници на банкарските услуги и производи, како и до проширување на лепезата производи што ги нудат банките, под конкурентски услови. Токму тоа е и основниот мотив за склучувањето на договорот со којшто попрецизно е дефинирана соработката помеѓу двете институции на ова поле.

Со меморандумот е регулирана размената на податоци и информации помеѓу двете институции при постапките коишто ги води КЗК, а коишто се поврзани со една или повеќе деловни банки, при изготвувањето анализи за нивото на конкуренцијата во банкарскиот сектор и при изготвувањето измени во подзаконската регулатива во надлежност на Народната банка.

Предвидено е да се одржува и годишен состанок на којшто претставници од двете институции детално ќе ги разгледуваат анализите поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор и ќе разговараат за повеќе важни прашања, а доколку е потребно може да се одржуваат и повеќе состаноци годишно. Меморандумот содржи и одделни одредби коишто се однесуваат на едукација на вработените во Народната банка и во КЗК во областа на заштитата на конкуренцијата.

Кон завршницата на денешната средба, Ангеловска-Бежоска и Наумовски истакнаа дека натамошната соработка помеѓу Народната банка и КЗК ќе придонесе за постојано зајакнување на конкуренцијата во банкарскиот сектор.

Прикажи повеќе...

Економија

„Кока-Кола“ не се откажува од пластичните шишиња, вели дека луѓето ги сакаат

Објавено пред

„Кока-кола“ нема да ги исфрли пластичните шишиња за еднократна употреба бидејќи потрошувачите и натаму сакаат да ги користат.

„Потрошувачите ги сакаат пластичните шишиња бидејќи се практични, може да се затворат и лесни се“, изјавила Беа Перез, шефица за еколошка одржливост во компанијата, за Би-би-си.

Оваа компанија, која е еден од најголемите произведувачи на отпад, се обврза дека ќе ги рециклира сите пластични шишиња што ќе ги користи до 2030 година. Но, борците за заштита на животната средина тврдат дека многу шишиња и натаму завршуваат на депониите.

Овој гигант произведува речиси три милијарди тони пластична амбалажа годишно, што изнесува 200.000 шишиња во минута. Во 2019 година хуманитарната организација „Брејк фри фром пластик“ ја прогласи „Кока-кола“ за најголем загадувач меѓу брендовите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Свет6 часа

Кинескиот град Вухан во изолација поради корона вирусот, сите транспортни мрежи ќе бидат затворени

Сите кинески сообраќајни и транспортни мрежи ќе бидат затворени во кинескиот град Вухан, во кој се забележани првите случаи на...

Македонија10 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија10 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ11 час

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија11 час

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија12 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија13 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија13 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија14 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет14 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет14 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет15 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион15 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет16 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет18 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет18 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија18 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура1 ден

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Досие