Контакт

Економија

Пуштен во употреба реконструиран и модернизиран ГП Блаце

Објавено пред

Реконструираниот и модернизиран дел од граничниот премин „Блаце“ за патници, лесни возила и автобуси пуштен е свечено во употреба во петокот.

Новиот патнички премин е изграден според сите стандарди и почитување на нормите за заштита на животната и работна средина, ги содржи сите неопходни содржини за негово нормално функционирање и контрола со примена на современи алатки и техники и услови за зголемување на неговата реална пропусна моќ за 2-3 пати во однос на сегашното ниво на сообраќај и оптоварување. Со тоа се овозможува олеснување на меѓународната трговија и создавање на услови за чувањето на безбедноста на границите и општеството.Се  до неговата реконструкцијата, овој премин претставуваше тесно грло во протокот на сообраќај и размена на стока и услуги помеѓу Македонија и северните држави долж Јадранската магистрала. Граничниот премин Блаце просечно го користат над 1,1 милион патници при влез во и над 850 илјади патници при излез од Република Македонија, односно околу 2 милиона патници во двете насоки на годишни ниво, а преку овој премин сообраќаат над 700 илјади патнички превозни средста годишно. Несоодветната инфраструктура, и покрај големите напори за поедноставување и забрзување на царинските постапки и примена на современи техники во работењето, претставуваше ограничување на капацитетот за процесирање на ваквиот вид на сообраќај и пречка за олеснет прекуграничен промет, согласно потребите на бизнис заедницата и на граѓаните. Mодернизацијата на граничниот премин Балце е дел од проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа, финансиран од Светска банка, а придобивките од истиот се: двојно зголемен број на сообраќајни ленти од две на четири на влез во Македонија, односно од две на три на излез. Изградени се современи објекти за вршење на потребните гранични и царински формалности од страна на пограничните органи, како што се, нова административна зграда за царина, полиција и инспекции, објект за контрола на патници и објект за контрола на автобуси, објект со пропратни содржини: банка, пошта, деловни канцелари, со посебна трафостаница и дизел-агрегат, современа пречистителната станица за отпадните води, како и  контролни кабини, нови натстрешници и простор предвиден за одржување и сервис. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Објавено пред

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска процедура, а ќе важи од почетокот на следната година. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, и директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, пред претставниците на невладините организации, претставници на Министерството за животна средина и на Град Скопје ги презентираа промените што ги содржи новиот закон.

„Досега даночењето на возилата беше третирано исклучиво од фискален аспект на приходи во буџетот. Со новиот предлог-закон се стимулира набавката на еколошки возила. Најчесто купуваните возила меѓу 8 и 15.000 евра, со еуро стандард 5 или 6, ќе имаат дури и помал данок. Целта на новиот начин на оданочување на возилата е да се влијае на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во текот на целата година“, рече Ангеловска.

Со новата регулатива, појасни таа, пресметувањето на данокот ќе се врши врз основа на две компоненти: вредноста на возилото и висината на емисијата на јаглероден диоксид кај возилото. На овој начин, еколошките возила со пониска стапка на емисија на ЦО2 стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои повеќе загадуваат.

Танасоски нагласи дека за електричните возила воопшто ќе нема данок, како и за нови возила за прва помош и за погребални услуги. За возила наменети за такси превозни услуги, повратот на данок изнесува 25 отсто кај автомобилите, додека оние што имаат 7+1 и 8+1 седиште, ќе имаат поврат на данок до 80 отсто. Хибридните возила ќе подлежат на ослободување до 50 проценти од данокот.

„Не може преку ноќ да се преуреди структурата на возниот парк кој има просечна старост меѓу 15 и 18 години и во кој само еден процент од возилата имаат еуро 6 стандард. Но, од некаде мора да се почне, новиот закон за данок на моторни возила е прв исчекор, а резултатите можеме да ги очекуваме по 3-4 години“, рече Танасоски.

Граѓаните кои ќе набавуваат возило по стапувањето на сила на новиот Закон, ќе имаат на располагање Калкулатор на веб-страницата на Царинската управа, за пресметка на данокот.

Претставниците на невладините организации ја поздравија одлуката за оданочување во полза на животната средина и побараа да се продолжи во оваа насока, со мултисекторски пристап.

Прикажи повеќе...

Економија

Утврден текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2020 година

Објавено пред

На денешната владина седница утврден е текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2020 година.

Владата прифати 12 амандмани за измени и дополнувања на предлог-буџетот за 2020, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии, и донесе одлука текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2020 година да биде пуштен во Собранието на усвојување.

На оваа седница, по предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои и ревидираната фискална стратегија за 2020-2022 година. Ревидираната фискалната стратегија е во согласност со законот, се усвојува за период од три години и со неа се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Од Владата велат дека ревидирањето на фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во текот на 2019 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежовска: Домашната побарувачка, личната потрошувачка и инвестициите ќе го креираат растот на домашната економија

Објавено пред

„Домашната економија в година ќе има раст од 3,8 проценти, односно 4 отсто во 2021 и 2022 година, при што позитивен импулс врз растот и натаму се очекува од домашната побарувачка, натамошниот раст на личната потрошувачка и закрепнување на инвестициската активност, а придонесот на нето-извозот се оценува како негативен. Ваквата динамика на раст беше очекувана и во априлскиот циклус проекции, а поголеми промени не се направени ниту кај очекуваните извори на растот“.

Ова го истакна Анита Ангеловска-Бежовска, гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, која беше гостин на Меѓународниот балкански универзитет, каде што одржа предавање на тема „Кон одржлив раст – најновите макроекономски проекции за Република Северна Македонија“. Во своето предавање, освен за проекциите за идниот период, гувернерот зборуваше и за моделот на раст што го следи нашата земја, како и земјите во регионот, во периодот пред и по економската криза, како и за најголемите предизвици со кои во моментот се соочуваат земјите од регионот и Северна Македонија.

„Во периодот пред глобалната економска криза забележителен беше раст во целиот регион на Источна и Југоисточна Европа, кој се должеше најмногу на структурните економски промени, односно трансформацијата од социјалистичка кон пазарно ориентирана економија, трансформација што бараше да се вложи голем напор и голем труд. Покрај различните вредности на почетните точки на раст и различниот степен на промена на економиите на земјите, едно нешто беше заедничко, а тоа е забележително забрзан раст на економиите, особено во периодот од 2002 до 2007
година“, рече Ангеловска-Бежовска.

Таа посочи дека благодарение на добрите фискални и монетарни државни политики, кои беа поставени пред кризниот период, нашата земја релативно лесно ја преброди економската криза и не се соочи со страшни последици поради релативно малиот буџетски дефицит што го имавме. Позитивните економски движења на Република Северна Македонија во посткризниот период најмногу се должат на реформите во бизнис-секторот, кои значително ги подобрија условите за директни странски инвестиции, кои се од исклучителна важност за една економија, особено за малите економии како нашата.

Што се однесува до проекциите на Централната банка за в година, Ангеловска-Бежовска ја пренесе оценката дека е можно да има забавување на економската активност в година поради претстојните вонредни парламентарни избори, на што упатува искуството досега, но она што е карактеристично и вообичаено е дека ефектите од тоа се чувствуваат на пократок период.

Бежовска соопшти дека ризиците за макроекономското сценарио се оценети како претежно надолни, што се однесува пред сѐ на надворешните ризици, во услови на понеповолен глобален амбиент и зголемена глобална неизвесност, предизвикана од растечките трговски тензии, неизвесниот процес на брегзит, геополитичките ризици, променливоста на условите на финансиските пазари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет1 час

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Спорт3 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија6 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа6 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија7 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија7 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија9 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија9 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија10 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија10 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет12 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет12 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион13 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет13 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет14 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет14 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт24 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион1 ден

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија1 ден

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Досие