Економија
FAO: Светските цени на храната стагнирале во декември на високо ниво
Цените на храната речиси стагнирале во декември 2014 година на светските пазари, откако влијанието на поскапувањето на млечните производи го неутрализираше осетниот пад на цените на шеќерот и пониските цени на житарките и маслата за јадење, соопшти во четвртокот агeнцијата при Обединетите нации за храна и земјоделство FAO со седиште во Рим.
Така во декември индексот на кошницата на основните прехранбени производи изнесувал во просек 206,7 поени, во однос на 206,4, поени колку што изнесувал во ноември 2013 година, пресметале во FAO. Кошницата опфаќа житарки, месо, млеко и млечни производи, масла за јадење и шеќер. Во целата 2013 година цените на храната биел во просек пониски за 1,6 отсто отколку претходната 2012 година, објави агенцијата.
„Минатиот месец иднекост на FAO на цената на храната останал зголемен поради силната побарувачка на одредени, високопротеински категории прехранбени продукти, што го зголеми вкупното ниво на цените, надоместувајќи го падот на цените на главните прехранбени култури поради обилните минатогодишни жетви“, изјавил Абдолреза Абасиан, главен економист во FAO.
Цените на млекото и млечните производи во декември пораснале за 5,2 отсто во однос на ноември 2013 година, со просечна вредност на соодветниот индекс на FAO од 264,6 поени. Главната причина е постојан силната побарувачка на млекото во прав, во прв ред во Кина, И во целата 2013 година иднекост бележеше рекордна висока вредност од 243 поени.
Противтежа на осетното поскапување на млекото и млечните производи ја сочинувал 6,3-процентниот пад на цените на шеќерот во последниот минатогодишен месец во однос на ноември, поради добрите приноси од шеќерната трска во Бразил, најголемиот светски произведувач и извозник на шеќер. Дополнителен тег претставуваше и рекордното производство во Тајланд, вториот според обемот светски извозник. Во просек, индексот на FAO во декември изнесувал 234,9 поени. Во целата 2013 година цените на шеќерот паднаа за 18 отсто во однос на 2012 година.
Индексот на FAO за цените на житарките во декември изнесувал просечни 191,5 поени, што значи дека житарките поевтиниле 1,4 отсто во однос на ноември. Та е воедно и најниската вредноста на овој индекс од август 2010 година. Големите глобални резерви по рекордната жетва во 2013 година и натаму ги притискаа особено цените на пченицата и пченката. Во целата 2013 година индексот на цената на житарките во просек изнесувал 219,2 поени искажувајќи пад на цените во однос на 2012 година за 7,2 отсто.
Речиси ист процентен пад во декември како и житарките забележале и цените на маслата за јадења, намалувајќи се за 1,3 отсто во однос на ноември, со просечна вредност ана соодветниот индекс на FAO од 196 поени. Во целата 2013 година овој индекс изнесувал во просек 193 поени, во однос на просечните 224 поени од претходната 2012 година.
Индексот на цените на месото на FAO, пак, останал речиси непроменет во декември во однос на ноември 2013 годна и изнесувал 188,1 поен. Во целата мината година, се задржал во близина на рекордно високото ниво од претходната 2012 година и изнесувал во просек 184 поени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

