Економија
Спасов: Зголемување на минималната плата е историски успех
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов во вторникот на конференција за медиумите заедно со синдикалните организации информираше за планираното зголемување на минималната плата.
“Како резултат на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, соработката со синдикатите, но и соработката со организациите на работодавачи, како и созревањето на околностите, објавувам дека веќе изготвиме законско решение за измени и дополнувања на Законот за минималната плата со коешто предвидуваме зголемување на минималната плата“, рече СпасовТој информираше дека законско решение веќе е доставено на мислење до синдикатите и организациите на работодавачите и коешто ќе биде разгледано за седум дена на седница на Економско социјалниот совет. “Ова е историски успех на синдикатите на работодавачите, но и на Владата на Република Македонија, успех кој е во насока на подобрување и унапредување на животниот стандард на сите вредни и трудољубиви работници коишто остваруваат минимална плата”, рече Спасов.Министерот Спасов истакна дека на овој начин директно ќе се допринесе да се зголемат примањата на огромна бројка на работници и дека веќе се извршени консултации со раководствата на коморите, работодавачите и со раководствата на синдикатите. Осврнувајќи се на значењето на социјалниот дијалог, министерот Спасов најнапред потсети дека владата, за прв пат во независна Македонија во 2012 година ја утврди минималната плата како законско решение, при што посочи дека тоа беше успех за синдикалното движење, но и за трипартитниот социјален дијалог во кој покрај синдикатите се вклучени и работодавачите.„Како министерство, од денот на воведувањето на минималната плата ги користевме сите законски механизми за контрола на исплатата на минималната плата како законско право на работникот”, изјави Спасов.Целиот процес на зголемување на минималната плата во се состои во тригодишна динамика, односно покачувањето ќе се реализира започнувајќи од март 2014 година, а ќе заврши во март 2016 година со што минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува 10 080 денари. Од март 2014 година, минималната плата ќе се покачи од сегашните 8.050 денари на 8.800 денари месечно, од март 2015-та минималната плата ќе изнесува 9.590 денари и од март 2016-та 10.080 денари со што работодавачите ќе бидат обврзани да ја зголемат минималната плата, за што ќе следат контроли бидејќи ќе бидеме цврсто посветени овој Закон да се применува целосно. За непочитувањето на Законот, ќе претстојат соодветни глоби. Во дејностите каде што досега заради спецификата на областа имаше посебна динамика на прилагодување платите во производство на текстил, производството на облека и производство на кожа и кожни производи-минималната плата ќе се зголеми со соодветна за нив динамика. Почнувајќи со платата исплатена за март 2014 година, минималната плата за овие гранки ќе изнесува 7500 денари, со платата исплатена за март 2015 година, минималната плата во овие дејности ќе биде 8050 денари, а од март 2016-та таа да биде 9000 денари. За овие гранки ќе има плус две години прилагодување, и тоа за 2017 година, 9590 денари и за 2018-та 10.080 денари кога ќе се изедначи со останатите плати. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

