Економија
Венизелос: Русија ја спаси Украина од финансиска катастрофа
Со купувањето на украинските обврзници за 15 милијарди долари, Русија ја спаси Украина од финансики колапс, изјавил грчкиот вицепремиерот и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, пренесува РИА Новости.
„Политиката на изборот меѓу соработка со Русија или Европската унија (ЕУ), за Украина се покажа како безуспешна. Вистинската дилема со која се соочуваше Украина за време на самитот во Вилнус не беше околу изборот меѓу односите со Русија или ЕУ, туку прашањето околу тоа како земјата да се спаси самата од финансиската криза, преку барањето на помош од ЕУ или од некој друг“, изјавил Венизелос.
Одлуката на руската влада да купи обврзници во висина од 15 милијарди долари ја спаси Украина од финансиска катастрофа, а Киев и Москва се сè поблиску до формирањето на конзорциум на гас, пишува Voice of Russia. Според експертите, до скоро двете страни се соочуваа со многу пречки околу решавањето на ова прашање, но сега има сè поголеми изгледи дека тие ќе го решат овој проблем до крајот на годината.
Ако се постигне договорот за конзорциум, ова најверојатно ќе ги спаси Украина и Русија од нова „војна за гас“, и Европа од нерегуларности при набавката на рускиот гас. Конзорциумот ќе придонесе за модернизацијата на украинскиот транспортен систем за гас.
Европската комисија веќе подолго време ја искажува својата желба да учествува го украинскиот транспортен систем за гас, но потенцирала дека таа ќе вложи не повеќе од 10 проценти од парите кои и се потребни на Украина за модернизирање на овој систем, и тоа само преку доделувањето на кредит.
Во декември минатата година, рускиот гигант Газпром на Украина и понуди попуст од 30 проценти за набавката на руски гас, а ова на Киев му овозможи веќе од јануари да ги одбие понудите за скап гас од Унгарија и Полска.
„Во моментов, Русија и Украина ги продолжуваат преговорите за гасот, и постојат добри шанси дека конечно ќе постигнат компромис“, изјавил директорот на Рускиот национален енергетски институт, Сергеј Правосудов.
„Русија и Украина преговараат по ова прашање повеќе од 10 години. Откако Газпром на Украина и понуди значителен попуст во набавката на рускиот гас, стана јасно дека следниот чекор е украинската страна, во замена за ова на Газпром да му понуди дел од своите средства. Сега украинските власти велат дека тие се подготвени да размислат за оваа варијанта и дека за ова нема да им биде потребна партиципација од Европејците. Јасно е дека во сферата на гасот, Европа практично нема направено ништо за Украина. Тие на Украина не и дале нити пари, ниту, пак, евтин гас“, рекол Правосудов, заклучувајќи дека договорот меѓу Киев и Москва најверојатно ќе биде потпишан веќе годинава./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

