Економија
Владата претстави мерки за отворање на над 250 работни места
Македонската влада во понеделникот презентираше три нови мерки со кои се очекува да бидат отворени најмалку 250 нови работни места.
Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, владата годинава планира отворање на вкупно 4.000 нови работни места со мерките на оперативниот план за вработување.
Со трите нови мерки кои во понеделникот на прес конференција ги најави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев државата ќе субвенционира вработување млади лица, нивна обука и полагање на возачка дозвола за Д категорија, како и обука кај познат работодавач.
Стартот за овие три проекти е најавен за трети февруари кога ќе биде објавен оглас за околу 250 работни места во стопанството, а за нив ќе може да конкурираат само невработени лица, евидентирани во Агенцијата за вработување.
„Сите невработени кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, да го направат тоа што е можно поскоро и да станат дел од евиденцијата за да можат да ги користат мерките на владата“, истакна денеска на прес конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
„Прва шанса“ е првата мерка која е наменета за лица до 29 години со завршено високо образование. Со неа се предвидува тримесечна парична субвенција, во висина од 13 илјади денари за работодавачот на лица со високо образование во студиска 2012/2013 година за секое ангажирано лице. Обврска на работодавачот е да ги задржи вработените уште шест месеци.
„Финансиската стимулација во првите три месеци е само поттикнување и на работникот и на работодавачот да дојдат во контакт за работодавачот да се увери во квалитетот на работникот со високо образование, а работникот да има можност да се претстави во најдобро светло, рече Ѓорѓиев, истакнувајќи дека со оваа пилот мерка во првичниот оглас се очекува пријавување и сервисирање вработувања на 50 лица, а зависно од интересот Владата е подготвена да ја прошири квотата за финансирање“, истакна Ѓорѓиев.
Со втората мерка, државата целосно ќе ги покрие трошоците за обука за Д категорија и добивање возачка дозвола. Консултаците со здруженијата на транспортери посочиле дека на пазарот на труд има потреба за вработување на возачи со Д категорија.
По добивање на возачки документ со Д категорија, лицата во рок од три месеци ќе бидат вработени кај работодавачи, потенцираше владиниот портпарол.
Третата мерка која предвидува обука кај познат работодавач приоритет ќе им даде на лицата до 29 години, како и на лицата на возраст од 50 до 59 години.
Работодавачот во период од три месеци ќе треба да спроведи обука над пријавените, а лицата кои ќе ја почнат обуката во период од три месеци ќе добиваат финансиска помош од државата во висина од 5700 денари.
Потоа работодавачот должен е да задржи 50 проценти од кандидатите кои во првите три месеци ќе добиваат по 13 илјади денари од државата наменети за плата, а по истекување на обврската на државата работодавачот ќе треба да ги задржи нововработените уште 12 месеци.
Портпаролот Ѓорѓиев најави дека доколку има интерес останува можноста и во идниот период да бидат објавени дополнителни јавни повици предвидени со оперативниот план со активни мерки за вработување./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

