Економија
Меркел: Должничката криза во Европа не е надмината
Должничката криза сé уште не е надмината изјави во средата германската канцеларка Ангела Меркел во својот настап во Бундестагот.
„Не смееме сега да имаме доверба во лажливото спокојство…, во секој случај, таа (кризата) е под контрола, но не е надмината во подолгорочна перспектива“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел додавајќи дека „и покрај постигнатиот напредок, не треба да седиме со скрстени раце“.
Според челничката на германската влада, за справување со ситуацијата „неопходен на развој на економската и монетарната унија, како и зајакнување на европските институции…. “. Меркел смета дека „натамошниот развој потребно е да се постигнат, исто така, и договори во Европската унија“. „Европа треба да стане постабилна, поблиска на граѓаните и посправедлива“, убедена е германската канцеларка.
Меркел посочи на надминувањето на стагнирањето во делот на финансиските пазар. Во таа насока „неопходно се постигне напредок, кој ќе заслужува да се нарекува така“, истакна канцеларката.
Политичарите им ветија на граѓаните дека опустошувачка глобална финансиска криза слична на онаа од 2008/2009 година нема да се случи повторно, потсети Меркел. „Кој свесно оди во ризик, тој е одговорен за загубите“, рече канцеларката укажувајќи дека загубите не треба да бидат на товар на даночните обврзници. Затоа, учесниците на финансиските пазари „треба да бидат повикани на одговорност преку данокот на финансиските трансакции“, додаде.
Меркел истакна и дека благодарение на „повратената моќ Германија е моторот на Европа“. „Ние во значителен степен придонесуваме во тоа европската должничка криза да може да биде надмината“, нагласи канцеларката.
Според неа, тоа се должи на добрата заемна соработка меѓу социјалните партнери, работодавачите и синдикатите. Социјална пазарна економија, тоа е нашиот патоказ“, укажа Меркел. Од нејзина гледна точка „Германија е добро, како што одамна не била“. Постои „највисоко ниво на вработеност од обединувањето (на земјата), за социјална пазарна економија, како еден застарен модел веќе никој не зборува“, појасни канцеларката.
Говорејќи за перспективите за развојот на германската економија, таа оцени дека претставува „херкулска задача“ спроведувањето на реформите во енергетската сфера „Токму затоа ‘големата коалиција’ е создадена за решавање на големите проблемите“, рече Меркел, осврнувајќи се на актуелната влада којашто, третпат во историјата на Германија, е составена од конзервативните христијанско демократи (Унијата CDU/CSU) и социјалдемократите од SPD.
„Светот гледа на овој проект (енергетската реформа) со мешавина на изненадување и скептицизам. Доколку успееме да го имплементираме, тој, убедена, сум дека ќе стане еден од најпознатите германски извозни производи“, рече Меркел. Според неа, во моментов уделот на обновливите извори на енергии коишто се користат во Германија изнесува 25 отсто, а до 2050 година се очекува овој удел да се зголеми до 80 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

