Контакт

Економија

Усвоена нова европска директива за хипотекарни кредити

Објавено пред

Министрите за финансии на Европската унија (ЕУ) усвоија нова е европска директива за хипотекарни кредити, со која сакаат да спречат нови кризи предизвикани од пукање на балони на пазарите на недвижности.

dobivaj vesti na viber

Новите правила би требало да ги решат проблемите како што се неодговорното однесување на заемодавачите и заемопримачите, измамувачки огласи и маркетинг и недостапни преддоговорни информации.Со новата директива се сака „да се воведе високо ниво на заштита и да се сузбие неодговорното однесување кое, во неодамнешен контекст на финансиската криза, придонесе за зголемен број на кредити кои не се наплатливи, стечаи и запленувања на имоти под хипотека ширум Европа“, се појаснува во соопштението на Советот на ЕУ.„Со директивата исто така се сака да се зголеми финансиската стабилност, со тоа што ќе се осигура пазарите на хипотекарни кредити да функционираат на соодветен начин“, се додава во соопштението.Европската комисија ги предложи овие мерки во март 2011 година, за да европските потрошувачи кои купуваат стан или куќа на кредит бидат подобро информирани за ризиците, по кризата со лоши кредити во САД, која ја предизвика светската финансиска криза. Надувани балови на пазарот на недвижнини предизвикаа исто така кризи во Ирска и Шпанија.Директивата предвидува потенцијалните кредитопримачи да мораат да добијат стандардизиран технички образец со низа задолжителни информации за понудениот кредит, пред се оние за каматите и ризиците, за да можат да направат споредба на различни понуди. Кредитодавачите од друга страна мораат подетално да ја проверат кредитната способност на потенцијалните клиенти пред да им одобрат кредит. Се предвидува Европската агенција за банки (ЕБА) да може да  ги провери можните кршења на овие правила или нивно неспроведување и да побара од надлежните власти во државите членки информации со цел да се отстранат таквите случаи.Државите членки на Еу имаат две години оваа директива да ја пренесат на националните законодавства. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Објавено пред

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не е датум за затворање на трезорската сметка, туку рок до кој институциите е потребно да ги достават сите тековни расходи за навремена исплата.

dobivaj vesti na viber

Според премиерот, и по истекот на овој рок ќе има толеранција и институциите нема да бидат одбиени доколку поднесат налози подоцна. Целта на поставувањето на датумот, вели тој, е подобро планирање и навремено извршување на обврските.

„Јас не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември како датум кога сите иснтитуции е добро да ги достават сите оние тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите. Се разбира на тоа додадов дека имаме толеранција. Се разбира дека нема ако некој дојде на 20 декември да речеме клучот е на врата и завршена е работата. Се разбира дека толеранција ќе има, но идејата е да работиме со план, да имаме свесност дека е потребно сето тоа да реализираме со време, да имаме некаква навика и да го почитуваме сето она што ќе го поставиме како план и задачи. Затоа јас ги молам сите институции да дојдат навреме. Не велам дека на 25-ти ако дојде некој со налог нема тоа да се прифати и ќе се одбие, но, навремено да ги испланираме активностите, за да не се случи во 5 до 12 сите да нагрнеме таму и некои од обврските да останат неплатени односно да ги книжиме во следната година. Само тоа е целта, чисто мораме да се навикнеме на некаков ред“, кажа Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

Објавено пред

Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.

dobivaj vesti na viber

Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.

Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.

Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.

Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.

„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.

Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.

Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

ССКМ ја поздравува одлуката со која данокот од 5 отсто останува при првата продажба на недвижностите

Објавено пред

Од

Сојузот на стопанските комори на Македонија ја поздравува одлуката со која данокот од 5 % останува при првата продажба на недвижностите.

dobivaj vesti na viber

„Ја поздравуваме одлуката на Владата за 5 % ДДВ, кој е при првата продажба на станбен простор, ова ги покажува позитивните заложби на бизнис-секторот и ССКМ претставен преку Градежната комора во соработка на Министерството за финасии и Владата. Сојузот на стопанските комори на Македонија смета дека одлуката на државата стапка за првата продажба на новоизградени станови да остане 5 % е оправдана.

Според ССКМ, оправдана е и одлуката на Министерството за продолжување на важноста на повластената стапка од 5 % ДДВ и сметаат дека со нејзиното продолжување најголема корист ќе имаат купувачите на станбени единици, односно населението.

Ивица Јаќимовски, член на управниот одбор при ССКМ, посочува дека со продолжување на данокот за купување станови на 5 %, почнувајќи од 2026 година, се очекува секторот за недвижности да добие нов импулс.

„Оваа повластена стапка на ДДВ има цел да го поддржи пристапот на граѓаните до домување, да ја стимулира градежната активност и да ја зајакне стабилноста на пазарот. Имплементацијата на даночната стапка од 5 % носи неколку важни привилегии и за купувачите и за индустријата: намалувањето на даночната стапка значително ги намалува вкупните трошоци за купување стан правејќи го сопствеништвото на домот подостапно за пошироката популација; се очекува прифатливоста создадена од данокот од 5 % да ја зголеми побарувачката за нови и постојни станови, што може да ги поттикне градежните и недвижните сектори и со поповолна даночна средина, домашните и странските инвеститори може да покажат зголемен интерес за пазарот на домување, што ќе придонесе за економски раст“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа54 минути

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздух

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 час

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил...

Свет2 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет2 часа

(Видео) Преживеан од Холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет3 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како „очигледно убиство“ откако две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија17 часа

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија19 часа

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија21 час

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија21 час

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ23 часа

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија23 часа

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава2 дена

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...

Македонија2 дена

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија2 дена

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија2 дена

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија2 дена

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се претставува како противник на мигрантите, а во 2018 туркал камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на...

Македонија2 дена

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со...