Економија
Надворешната трговија поттикна раст на германскиот БДП

Надворешната трговија го поттикна растот на германскиот економија во минатогодишното четврто тромесечје, но товар беше слабата домашна побарувачка, покажаа податоците на германскиот завод за статистика објавени во вторникот.
Германскиот БДП е зголемен за скромни 0,4 отсто во периодот од октомври до декември во однос на претходниот квартал, кога неговиот раст изнесуваше скромни 0,3 отсто, покажаа сезонски прилагодените податоци на Destatis, со што е потврдена првичната проценка.Потврден е и прелиминарниот податок според кој на годишно ниво економијата пораснала за 1,3 отсто.Според деталната класификација, домашната побарувачка беше клучен придвижувач во останатиот дел од годината, а во последното тромесечје ја намали вкупната стапка на раст за 0,7 отстотни поени. надворешната трговија, која пак беше послаба во поголемиот дел од годината, придодаде на растот 1,1 отстотен поен.Статистичарите констатирале дека домашната економија испратиле мешани сигнали, при што капиталните инвестиции значително зајакнале, додека растот силно го сопреле големите намалувања на залихите. Државната потрошувачка стагнирала, додека личната е намалена.Економистите сепак очекуваат дека домашната побарувачка ќе зајакне оваа година, а и Берлин се надеваа дека таа ќе биде придвижувач на прогнозираниот раст од 1,8 отсто за оваа година, додека надворешната трговија би требало да подзапре. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Се намалува цената на горивата

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,065 денари/кг и сега ќе изнесува 41,411 денар/кг.
Од 7.2.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,00 (денара/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,411 (денар/килограм)
Економија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2023 година.
Корисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:
6.2.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
7.2.2023 – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Економија
„Брако“ почна со производство на медицински паравани со нов дизајн

БРАКО почна да произведува медицински паравани со целосно нов дизајн. Параваните се изработени за потребите на партнерите на БРАКО од индустријата за медицинска опрема
„Станува збор за испорака на повеќе од 200 медицински алуминиумски паравани со нов современ дизајн. Комплетниот дизајн и развој на овие медицински паравани е направен од инженери во БРАКО. Досега параваните се произведуваа од челик, а сега за првпат БРАКО ги произведе од алуминиум. Покрај современиот дизајн, алуминиумските паравани се лесни за манипулација и попрактични за употреба. Квалитетот, брзата изработка и навремената испорака се во основата на медицинската програма, која е една од првите производствени програми во БРАКО“, посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во БРАКО.
Медицинската палета на БРАКО се произведува согласно меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.
Најголемиот дел од производството во оваа програма, околу 95%, се наменети за извоз во Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.
Со примена на најновите практики и имплементација на современите технологии за поддршка на медицинските активности, производите на БРАКО ширум светот, придонесуваат во обезбедувањето навремена здравствена грижа за пациентите.
ПР