Економија
Сараќини: ТИРЗ Тетово и ЕЦ Требош се значаен поттик во економскиот развој на регионот
Технолошко-развојната економска зона (ТИРЗ) кај Тетово и електроцентралата на био гас кај тетовското село Требош претставуваат значаен инпут во економскиот развој на целиот тетовски регион, рече министерот за економија Ваљон Сараќини заедно со заменик директорот на технолошки индустриски развојно зони (ТИРЗ) Асип Усеини и директорот на Стопанска комора на северозападна Македонија Арбен Халили, ги посетија споменатите локации
„Гасната термоелекторцентрала во Требош која во моментов е во градба, е инвестиција на компанијата ‘Везе Шари’ со вредност од шест милиони евра, за која досега се ангажирани 100 работници и два милиона евра. Веќе во јуни очекуваме да започне производството на електрична енергија од алтернативни извори , но и да се вработат 30 нови работници”, рече министерот за економија Ваљон Сараќини кој ги посети во неделата селото Требош и во технолошко индустриската зона во Тетово, во надзор на реализацијата на градежните работи на споменатите објекти.
Гасната електроцентрала ќе биде прв ваков проект, не само во Македонија, туку и пошироко, со што Република Македонија на некој начин станува лидер во регионот за производство на електрична енергија од обновливи извори, истакна меѓу другото Сараќини и додаде дека електричната енергија ќе се добива со искористување на биогас. Со неа од органските отпадоци од фармата ќе се овозможи производство на 1 мегават електрична енергија на час.
Изградбата, пак, на инфраструктурата во Технолошко-развојната економска зона кај Тетово, како што рече, дава можност за отворање поголем број фабрики, што ќе значи и нови работни места за жителите од Тетово, Гостивар и регионот.
„Досега градежните активности се изведуваат според планираната динамика, за што се ангажирани 60 вработени. Првиот извоз го очекуваме веќе во септември. Сакам да потенцирам дека ова е еден од капиталните проекти на Владата на Република Македонија, со кој се создаваат услови за структурни промени на економијата во регионот, а секако и за нови работни места. Зоната се гради преку јавно приватно партнерство и за неколку години треба да се вложат седум милиони евра, со што ТИРЗ Тетово ќе стане значаен инпут во економскиот развој на регионот”, рече Сараќини.
Арбен Халили. директорот на СКСЗМ, истакна дека од она што може да го видат на теренот, е фактот дека зоната веќе почна да ги дава првите резултати, со очекувања за многу кратко време да се постават и првите камен темелници, а со тоа да почне и извозот на готовите производи.
Според заменик директорот на ТИРЗ, Асип Усеини, веќе три компании имаат пројавено интерес за инвестиции во зоната, но и тоа дека континуирано се работи на секојдневна комуникација со нови компании, кои би биле потенцијални инвеститори во зоната./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

